Агресивноста од видеоигрите доаѓа од немоќта на играчите, не од насилната содржина

во Свет

Често е повторувано дека насилните игри не предизвикуваат насилство, но исто така често се коментира дека играчите имаат агресивни реакции предизвикани од играта. Таа агресија, вели ново истражување од британскиот Оксфордски универзитет, доаѓа од немоќта на играчот и неговата некомпетентност да совлада одредена задача. Содржината на играта нема никаква врска со агресивноста, пренесува BBC.

Студијата, објавена на Journal of Personality and Social Psychology, открива дека агресивноста доаѓа од механиката на гејмплејот, односно од тешките задачи кои ги има во видеоигрите и кои гејмерите не можат да ги решат. Според тестовите направени со разни игриБиле тестирани две верзии на Half-Life 2; една во која биле тргнати насилните елементи, и нормалната верзија, по што е заклучено дека агресивноста и нервозата се појавувала кај гејмерите на кои не им биле дадени инструкции како се игра играта, и кои не биле доволно конкурентни, наспроти тие кои добиле туторијали.

„Ако играчите имаа потешкотии со контролите или дизајнот на играта, тие брзо стануваа агресивни“, вели др. Андрју Прзибилски од Оксфорд. „Потребата да се разбере играта за нив беше многу поважна од тоа дали играта има насилна содржина.“

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments