Знаејќи го потенцијалот на 3Д принтањето од принтање на храна до принтање на куќи и медицински уреди, не е воопшто изненадување што The Micro собра четири пати повеќе средства по само еден ден од стартувањето. Наместо 50.000 долари, The Micro на Kickstarter веќе собра над 200.000 долари за да биде „првиот комерцијален 3Д принтер“. Средствата ќе бидат искористени да се финализира концептот, да се вработат нови луѓе и, после тестирањето, во август да биде пуштен во продажба.
М3D, компанијата зад проектот, вели дека The Micro е направен да биде достапен и едноставен за користење за да го направи „3Д принтањето убаво искуство за секојдневните луѓе“. Принтерот е размислуван две години, и е замислен со 15 иновации на ум меѓу кои да биде малечок за да се смести било каде, лесен, тивок, да троши помалку енергија и со модернизиран софтвер кој ќе функционира на допир.







