TakeOutMyBloatware е алатка за отстранување bloatware од Win10 креирана од Драган Илиевски

Avatar img-thumbnail img-circle

во Интервјуа, ИТ.МК

Bloatware е заедничко имe за различен софтвер кој доаѓа преинсталиран на телефон, таблет компјутер или на компјутер. Без разлика која му е намената, и дали е опасен за корисникот овој софтвер ја забавува работата на компјутерите и често непотребно зафаќа простор на дискот.

Колку навистина некој „bloatware“ ја успорува работата на компјутерот е тешко да се процени, но често се многу повеќе апликации и процеси. Малку по малку, забавувањето на крај сепак е значително. Дополнително овој софтвер често е закана и по безбедноста на корисникот. Ако се поврзува онлајн, постои опасност да сподели различни лични податоци, вклучувајќи ги и податоците од платежните картички.

Често производителите на софтвер им плаќаат на производителите на хардвер да го инсталираат софтверот на уредите. Вообичаено овој софтвер е демо верзија која треба да го привлече сопственикот да ја купи целосната верзија на апликацијата. Корисникот може самиот рачно да ги избрише, но ова не наједноставен и често е мачен процес.

За жал за отстранување на дел од овој софтвер најчесто е потребен специјализиран софтвер.

За Bloatware, проблемите со бришењето, и една супер интересна алатка разговаравме со Драган Илиевски. Драган пред десетина дена ја издаде TakeOutMyBloatware, алатка која се интегрира Windows 10 и го изменува оперативниот систем, за корисникот да може да: брише или исклучи built-in bloatware непотребни сервиси, телеметрија и шпиoнски алатки; и за подобра безбедност и модуларност. Дел од функционалностите кои ќе ги „отвори“ алатката се: бришење на bloatware апликациите, гасење на непотребни сервиси и функционалности, бришење на Edge и OneDrive. Дополнително алатката ќе овозможи конфигурирање на системот да овозможи поголема приватност.

Што те мотивираше / инспирира да направиш сопствена bloatware removal алатка?

Идејата за проектот се појави многу одамна и се започна како еден мал заеднички проект со неколку лица, кои на крај се откажаа затоа што не го гледаа потенцијалот. Јас одлучив да продолжам сам, и сметам дека ми требаше некое време дури да ја формирам целосната идеја и да ја дефинирам визијата на проектот. 

Како професионалец во сајбер-безбедност со повеќегодишно искуство, од секогаш верував, и сакав да верувам, дека корисникот треба да има фундаментална софтверска слобода, интегритет и приватност. Без разлика дали оперативниот систем е купен или не, апликациите што често пати ги инсталира самиот при надградбите, одземаат значително повеќе ресурси и ја замаглуваат контролата на што сѐ се случува во позадина без корисникот да биде свесен, а некогаш тие алатки собираат потенцијална телеметрија која го профилира корисникот на полу-анонимен начин…

Во последните 5 години забележав како полека, но сигурно се менуваше и таа човечка перцепција (од конзумеризмот) и како најкористените платформи почнаа да „наметнуваат“ користење на бесплатни апликации кои се познати и се форсирани како модерен тренд, кои најчесто ги плаќаме со наши приватни информации (и се согласуваме да ги користиме без да ни се понуди алтернативна опција). Сметам дека тоа најмногу ме инспирира да ја направам TakeOutMyBloatware, која можеби нема целосно да го спречи bloatware-от во Windows 10, но ќе ја разбуди свесноста на корисниците дека нивната приватност е сега во нивни раце, и ќе се обиде да обезбеди вештачка околина во која тие имаат контрола што софтвер ќе се извршува, враќајќи му ја моќта на приватност и селективност во нивни раце.

Верувам и дека со отворениот код, проектот ќе ги поттикне нашите млади софтвер инженери и ентузијасти да прават побезбеден и privacy-oriented софтвер. Како што и сами можете да забележите, проектот не ми е објавен за комерцијални цели или монетаризација, но доколку има заинтересираност, за во иднина во план ми е да се направи премиум верзија во која AI асистент би го евалуирал целиот систем и би ги направил потребните промени. Веќе имам започнато некоја идеја, но сѐ уште е рано да се каже, затоа што ова го правам во слободно време.

Што ти недостасуваше кај постоечките алатки, па се одлучи да креираш сопствено решение?

Прво, затворениот код на одредени бесплатни алатки ме прави скептичен дека некогаш прават и повеќе од тоа што треба да го прават. За оние со отворен код, ми сметаше што често пати имаат лош квалитет во кодот, сложени се за користење или имаат само неколку мали функционалности и треба многу алатки да се искористат за да се постигне посакуваната цел.

TakeOutMyBloatware е замислена да биде како колекција од корисни функционалности кои целосно се интегрираат во оперативниот систем и прават реверзибилни промени, а и лесно да се пристапува и како CLI, за да може понатаму да се искористи при конфигурација на повеќе компјутери мрежно.

Секако, оваа „security“-параноја што ја имам е професионална деформација затоа што во мојот домен на експертиза е најбитен интегритетот и заштита на приватноста на корисниците. Вака имам потполна доверба во својот код. Знам дека алатката што се користи го прави она што треба да го прави и ништо повеќе. Додека со отворениот код им ја овозможувам истата доверба на сите експерти кои сакаат да видат што целосно се содржи во неа, и сметам дека ова може да им помогне и на студентите за да научат како се прави напредна интеграција со оперативен систем.

Второ, мислам дека во веќе постоечките алатки што ги имав користено, најчесто недостасувала модуларност и скалабилност. Затоа архитектурата на оваа алатка е иницијално поставена да содржи „core“-компонента и плагини кои во иднина можат да се развиваат самостојно и само да се интегрираат во алатката (за повеќе корисни функционалности од повеќе аспекти).

Што прави алатката, и на што треба да се внимава кога се користи ваква алатка?

Алатката со најпрости зборови зема улога на администратор со сите потребни пермисии и изменува конкретни системски конфигурации за безбедно да ја постигне целта во бришење на одредени системски апликации, сервиси, кои се одвиваат во позадина (а не сакаме да се одвиваат) или дозволува исклучување на апликации што се наметнати да работат дури и кога не ги користиме. Исто така алатката знае безбедно да ги исклучи сите оние синхронизирања, логирања и телеметрии што самиот оперативен систем си ги прави со серверите на Микрософт. Контролата што ќе продолжи да се извршува а што не, е целосно препуштена на избор на корисникот преку менито:

Предупредување: Оваа алатка има технички ограничувања и е тестирана само на Windows 10. Иако се верува дека измените што ги прави се безбедни, не може да се гарантира за тоа какво влијание ќе имаат измените во системот. Корисниците треба да внимаваат кои функционалности ги одземаат според нивната конфигурација и да ги бекапираат податоците за ако измените расипат нешто, да можат да се опорават. Сепак оваа апликација е развиена за да им олесни на техничките лица да прават системски измени, но секако треба и општо разбирање на материјата пред да се прават било какви измени.

Дали софтвер девелоперите можат да се придружат кон доразвивање на проектот?

Секако дека може, и се очекува од заинтересираните да ме контактираат.

Дали има други вакви проекти на кои се работи моментално и што може да се очекува во иднина?

Секако дека има, но тие ќе бидат изненадувања во следните неколку месеци! 


Ако сте заинтересирани да се приклучите на проектот може да го контактирате Драган на неговиот LinkedIn профил.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Илија
Илија
11 months ago

Може да се користи и оригиналниот сорс, има поредовни апдејти:
https://github.com/Fs00/Win10BloatRemover

dangthe
dangthe
11 months ago

Може да пише во readme-то како се користи алаткава на пример.

види ги сите огласи на kariera.it.mk