Написи тагирани со Друштвени медиуми

25 написи
Редакција
1
Avatar photo Дамјан Дано Друштвени мрежи ИТ.МК

Земјотрес, потврдија друштвените медиуми!

Релативно силен земјотрес се почувствува во Скопје и Куманово околу 22:24-5 минути, први потврдија друштвените мрежи, Facebook и Twitter уште еднаш покажувајќи ја својата способност брзо да пренесат и потврдат информации.

5 коментари Прочитај 7 октомври, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Веб Друштвени мрежи

Зошто компаниите не смеат да ги игнорираат потрошувачите

BBC објави интересен текст „Зошто компаниите мора да го следат секој ваш чекор на Facebook, YouTube, Twitter“, во кој пишува за денешнава моќ на потрошувачот и како денеска компаниите не можат да си дозволат да бидат дрски, да ги игнорираат корисниците и со тоа да привлечат негативна репутација.

0 коментари Прочитај 4 октомври, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Веб

Ерик Шмит за неуспехот на Google Wave

Ние пробуваме нешта, вели директорот на Google, Ерик Шмит одговарајќи зошто Google Wave не успеа. Продуктот кој беше платформа за комуницирање во реално време и кој само пред една година беше неверојатен хит на интернет, заврши неславно - Google го изгаси комплетно велејќи дека ќе го сочува кодот да им се најде за некои идни продукти.

1 коментар Прочитај 5 август, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи Свет

Друштвените медиуми заедно за помош на Хаити

Популарните ѕвезди, организациите, властите, медиумите... сите се свртија кон друштвените мрежи барајќи помош, донации, совети и споделувајќи информации за жртвите од неверојатниот земјотрес кој го погоди Хаити носејќи хаос и стотици илјади жртви и повредени. Оваа неверојатна трагедија ја истакна моќта на друштвените мрежи, на чело со Тwitter и со хуманоста на луѓето покажаа дека се неверојатно моќна машинерија за мобилизирање и информирање за актуелни настани.

0 коментари Прочитај 14 јануари, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи Свет

Тwitter експеримент во училница

Соочена со 90 студенти во училница, атмосфера која е тешко за секој професор да ги вклучи сите студенти да придонесат во наставата, професорката Моника Ранкин од Универзитетот на Тексас во Далас, САД, се одлучи со технологија да го привлече вниманието на студентите. Професорката по историја знаејќи дека не секој студент има лаптоп, но повеќе од нив имаат мобилен, се решила да го искористи Twitter како платформа, иако и таа самата била почетник во микро-блогинг друштвената мрежа.   „Повеќето предавачи ќе се согласат дека големите класови во училници налик на аудиториуми/слушални ги ограничуваат опциите за професорите само на предавање, предавања и уште предавање. Повеќето предавачи ќе се согласат дека ова не е ефективен начин за предавање. Јас сакав да најдам начин да влесам повеќе студентско ориентирани техники за предавања и да ги вклучам студентите во наставата" пишува г-ѓа. Ранкин.

0 коментари Прочитај 9 јуни, 2009
Мени
Заедница
Изглед
To top