Написи тагирани со Авторски права

89 написи
Редакција
0
Виктор Дано ИТ.МК

ИТ.мк: Договорени нови принципи за превземање содржина

Деветнаесет медиуми и портали се договорија на принципи и стандарди за меѓусобно превземање и споделување содржина. Иницијативата, објавена во Утрински весник, e последица од незадоволството на медиумите како нивната содржина се превзема од одредени портали и агрегатори на вести. Првичната иницијатива од јануари не беше соодветно направена и беше критикувана бидејќи пред се ги заштитуваше медиумите, без да ги заштити и веб сајтовите, но... се чини дека оваа иницијатива е поконкретна со поспецифицирани правила.

4 коментари Прочитај 8 април, 2010
Редакција
0
Avatar photo IT.mk редакција Статии

Оригиналната содржина е моја!

Неколку македонски медиуми објавија заедничко јавно писмо со кое ги опоменуваат сите веб портали и радио станици во Македонија да не преземаат нивна оригинална содржина. Еве што се вели во писмото: „На средбата одржана на 24.12.2009 присутните претставници од долупотпишаните медиуми ја утврдија штетата која произлегува од неавторизираното и неконтролираното преземање на информации од овие […]

3 коментари Прочитај 26 јануари, 2010
Редакција
0
Avatar photo Дамјан Дано Блог

Авторскиот труд не е бесплатен!

Крадење текстови не е нешто ново низ македонските медиуми и портали. Го имам искусено од прва рака, а имам и читано за вакви случаеви. Откако ќе ги пишеме или зборуваме со „пиратите“ секогаш завршува со извинување, тргање текст или „нема више жими сé“ филозофија.

1 коментар Прочитај 3 септември, 2009
Редакција
0
Виктор Дано Веб Свет

Судот и нареди на Mininova да брише пиратски торенти

Холандскиот суд му нареди на популарниот торент сајт Mininova.org да ги избрише сите .torrent фајлови кои ги прекршуваат авторските права или ќе плати казна од 5 милиони евра, по 100 евра за секој пиратски торент. Mininova беше тужена од холандската анти-пиратска организација BREIN, која ги штити авторските права на музичката и филмската индустрија.

0 коментари Прочитај 26 август, 2009
Редакција
0
Виктор Дано Веб Свет

Зарем 1 песна вреди повеќе од човечки живот?

Џејми Томас-Расет е казнета со 1.92 милиони долари казна бидејќи споделувала 24 песни заштитени со авторски права преку сервисот Kazaa. Таа е првиот индивидуалец кој што е суден и казнет за споделување на фајлови. Г-ѓа. Томас-Расет прв пат беше казнета 2007 година кога судот ја осуди за виновна и ѝ нареди да плати казна од 220.000 долари. Таа потоа бараше ново судење и ауч... Сега наместо 200.000 долари таа треба да плати скоро 2 милиони долари за 24 песни, по 80.000 од песна.

0 коментари Прочитај 20 јуни, 2009
Редакција
0
Avatar photo IT.mk редакција Статии

Што е Creative Commons?

Неодамна беше објавена Creative Commons апликација за најпопуларната друштвена мрежа Facebook. Апликацијата ќе им овозможи на корисниците на Facebook да си ги лиценцираат своите дела, пред се фотографии и видеа. Според Facebook правилата, корисникот ги има авторските права на содржината, но истите права врз делата на корисникот ги има и Facebook. Тоа не е за изненадување бидејќи правилата на секоја платформа се исти. Доколку објавите содржина, таа платформа во одредени мерки, ги има правата на истата.

0 коментари Прочитај 26 мај, 2009
Редакција
0
Avatar photo IT.mk редакција Веб

Надополнетo: Објавена официјалната судска одлука за Pirate Bay

Шведскиот суд во Стокхлом ја соопшти пресудата. Сите четворица членови на тимот на The Pirate Bay се виновни бидејќи олеснувале и промовирале пристап до содржини заштитени со авторски права. Петер Сунде, Фридрик Неиџ, Готфрид Свартхолм и Карл Лундстром: сите прогласени за виновни и осудени на 1 година казна затвор.

0 коментари Прочитај 28 април, 2009
Редакција
0
Avatar photo IT.mk редакција Веб Свет

Kutiman – нова YouTube сензација

Изреалскиот артист Офир Кутиел познат како Kutiman искористи аматерски музички видеа на YouTube, зеде семплови/парчиња од нив, ги измикса и направи свој оригинален албум. Откако го постира неговиот албум „Thru You“ за недела дена доби милион посети поради кои неговиот сајтот станува недостапен заради искористените ресурси.

0 коментари Прочитај 12 март, 2009
Редакција
0
Avatar photo IT.mk редакција Веб Свет

Pirate Bay осудени на затвор и парична казна

Судскиот процес против Pirate Bay, во кој четворица швеѓани беа обвинети за нарушување на авторски права, конечно заврши. Последниот ден беше наменет за одбраната на Pirate Bay да ги поднесе финалните аргументи пред судот. Фредрик Неј, Готфрид Свартхолм, Петер Сунде и Карл Лундстром се соочуваат со можна затворска казна од по две години и оштета од 12.7 милиони долари доколку бидат осудени за виновни.

0 коментари Прочитај 5 март, 2009
Мени
Заедница
To top
{title}