0 коментари 2 мин. читање 12 март, 2009

Kutiman – нова YouTube сензација

Kutiman зема звуци од стотица видеа, ги составува така како што му дозволува креативноста и од тие парчиња или звуци создадва целосна песна. И видеото за песната е исто така составено од делови од сите видеа од каде земал звуци. Идејата не е нова, прва е само поради користење на YouTube.

Несомнено „Тhru You“ на Kutiman ќе предизвика контраверзии дали ги прекршил авторските права т.е. користел дела без согласност, но во секој случај израелскиот уметник кој работел на проектот три месеци во својата спална соба, со генијална идеја се промовираше во светот.

Претходно „Gray Album“ oд Danger Mouse, сега член на позната Gnarls Barkley, се здоби со огромна слава иако албумот беше измиксан од семплови на „White album“ на Beatles и „Black album“ на Jay-Z. Danger Mouse се соочи со гневот на EMI, издавачката куќа која стои зад Beatles со што доведе до одредени контроверзни ситуации (повеќе можете да прочитате на Wikipedia). EMI никогаш не успеа да го повлече албумот затоа што корисниците беа задоволни од продуктот и самите го дистрибуираа низ светот.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top