Стартуваше 140.мк, македонски Twitter директориум

во ИТ.МК

140.mk e Тwitter директориум и агрегатор што во суштина значи дека сите македонски твитерџии можат да се регистрираат на сервисот, да си одберат категории, и да твитаат од 140.mk, овозможувајќи им на другите полесно да дојдат до релевантни твитови и корисници.

„Прагот кој треба да го помине нов корисник за да ја согледа корисноста на Twitter е поголем од оној на Facebook. Токму затоа се обидовме да направиме сервис кој ќе ги промовира и собира локалните Twitter корисници на едно место. Воедно ќе помогне и за поголема популаризација и полесно следење на дискусиите кои се одвиваат во македонската Twitter сфера.“ вели @darko156, еден од основачите на 140.mk.

При приклучување на 140.mk твитерџиите си одбираат категорија во која можат да се најдат и нивните и твитовите на другите корисници. Така доколку некој бара музичари од .мк Twitter заедницата, ќе може да разгледа кој и што се твита во соодветната категорија. Вкупно има 31 категории.

Доколку прегледувате категории и посакате да испратите брза порака, ќе можете да твитнете преку 140.mk. Но, Дарко вели дека не е примарна цел 140.mk да стане место од каде се твита, туку „место каде ќе може да се следат трендови“. Пример, за време на Евровизија македонските корисници го користеа хаштагот #ribovizija, па наместо да се губат твитовите во стримот, сега ќе можат да се најдат заедно на едно место.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
4 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Правник
Правник
16 years ago

Нема правила на користење и политика за приватност! Аман народе научи се да не трзаш дури не прочиташ вакви работи.

@AlexForce
16 years ago

Одлична идеја, лаф нема. ;)

Mitko Gogov
16 years ago

одлична идеја и реализација. нема поминато 24 часа откако се пушти во функција овој директориум, а веќе поголемиот дел од твитераши е таму. поздрав до тимот позади ова :)