Победникот ќе ја добие книгата Smashing Book + 1 година 5.000 MB хостинг од Мк Хост + IT.com.mk маица.
Второто место ќе добие IT.com.mk маица + .mk домен + 500 МБ хостинг.
Третото место ќе добие IT.com.mk + Мк Хост маица.
Првата фаза од натпреварот е постирањето на вашиот веб дизајн. Moже да биде веќе постоечка веб сајт или скица на веб сајт. Скицата треба да има барем уште една две страни покрај почетната. Скицата треба да биде реална и практична, да не е сф дизајн. Добро е со скицата да има и кратко објаснување за функционалност на веб сајтот. Секој дизајнер може да прати само една дело, односно слики од делото, по можност линк или кратко објаснување за функционалноста на скиците.
Вашите дела можете да ги постирате во следнава тема на форумот. Рокот за постирање е до 15 јуни.
Потоа од 15 до 30 јуни следи гласањето. Најдобриот веб дизајн ќе биде одберен според гласови од членовите на форумот и според жирито (жирито е составено од администрацијата на IT.com.mk).
При оценувањето ќе се гледа оригиналноста, естетиката како и практичноста на сајтот. Сајтот мора да има интеракција со друштвените мрежи.
По гласањето ќе следи и прогласувањето на најдобриот дизајн.
*Сите дизајнери си го задржуваат правото на својот дизајн. IT.com.mk ќе ги објави само сликите oд дизајните на својот портал и на Facebook профилот со цел да ги промовира и објави резултатите од натпреварувањето.
Коментари
19 коментари
Коментарите се затворени.