Secure Sockets Layer (SSL) конекциjata, препознатливи по httpS во адресата, ги шифрира термините што ги пребарувате и резултатите кои ги добивате, и со тоа ве заштитува да бидете следени од други сајтови/ботови/провајдери. Ваквото енкриптирање се користи и во онлајн банкарството и сајтови за е-трговија.
„Кога ќе пребарувате на https://www.google.com, се креира шифрирана конекција меѓу вашиот прелистувач и Google. Овој безбеден канал помага да се заштитат термините кои ги пребарувате и резултатите за да не бидат пресретнати од трети странки на вашата мрежа. Овој сервис вклучува модифицирано лого за да ви помогне да се препознае дека сурфате користејќи SSL и дека тоа може да донесе поинакви резултати, но како и секогаш не заборавајте да го побарате барот со https адреси и индикаторот за катанец на вашиот прелистувач.“ пишува Google во блог пост.
Сервисот, како што кажа Google и моментално е во бета тест фаза, па се приметени неколку грешки т.е понекогаш не префрлува на Https адреси. Исто така безбедното пребарување е достапно само на google.com, не и на локалните пребарувачи, пример google.mk.
Google и понатаму ќе продолжи да собира одредени информации за подобрување за да „се подобрат резултатите и да понуди подобра услуга. SSL пребарувањето ќе ги крие информациите само за трети странки кои ги бараат.“ вели интернет пребарувачот.
Дали е ова доволна заштита од државава наша која планира без налог да следи цела електронска комуникација?
хехе Google ќе ни ја чува приватноста. шала на страна некому ќе му се најде ова.