6 коментари 2 мин. читање

Стартува 2win, македонска онлајн обложувалница

Лотарија на Македонија и Casinos Austria конечно ја издадоа дигиталната платформа за обложување и игри на среќа. Најавата за заедничка платформа е од минатата година кога со законско решение беше забрането обложување на платформи надвор од Македонија.

Но, сега стартуваат македонските обложувалници. Прва на која наидовме е 2Win.mk која е достапна буквално од последните денови на 2014 година. На сајтот покрај слот машини, покер, рулет и слични игри, корисниците можат да се обложуваат и на спортски натпревари: фудбал, кошарка, тенис, хокеј и американски фудбал. 2win функционира исто како и останатите онлајн обложувалници, си одбирате тип, вложувате пари и се надевате дека ќе добиете. Во моментов нема можност да внесете пари на сметка, ниту да бидете исплатени, но тоа очекуваме да се смени наскоро бидејќи обложувалницата е сепак нова. Пред да почнете да играте, можеби е најдобро да ги прочитате правилата.

Доколку не сакате да ризикувате, но сепак игрите на среќа ви се допаѓаат 2Win овозможува и играње за забава без никаков влог. Тука забележавме мал проблем, бидејќи иако сајтот не е наменет за играчи помлади од 18 години, при играњето за забава немаше никакво известување ниту забрана за ова. Дополнително сајтот како и останатите слични решенија не овозможува ефикасно отстранување на играчите помлади од 18 години доколку со дозовола од родителите имаат пристап до кредитна/дебитна картичка.

Сајтот повремено е бавен, а игрите можеби се премногу шарени, но објективно сајтот и не е наменет за корисници како мене, кои не планираат ниту да стапнат во казино, ниту пак да играат дел од игрите на среќа. За тие што ќе играат, ви посакуваме успех.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

6 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top