Што предвидува еден oд најпознатите инвеститори за 2015-та година?

Avatar img-thumbnail img-circle

во Свет, Статии

Тешко е да се предвиди кои ќе бидат следните ИТ трендови ако гледате само од страна, но ако сте Фред Вилсон, инвеститор кој има вмешано прсти во Twitter, Tumblr, Foursquare, Zynga, Kickstarter, 10gen и куп други, тогаш можеби ќе имате малку подобра интуиција од другите.

Г. Вилсон на својот блог ги сподели очекувањата и предвидувањата за 2015 година кои се однесуваат на дел од сега големи компании кои започнаа како стартапи во втората декада, вклучувајќи ги Uber и Dropbox, но и на влез на азиските компании на пазарот во САД. Покрај ова може да прочитате и за Bitcoin, Oculus Rift, но и за борбата на републиканците и демократите за превласт во Силициумската долина.

Airbnb, Dropbox и Uber, но и сличните компании во 2015 година ќе излезат на берзата, вели г. Вилсон. Поради интересот на инвеститортите акциите на овие компании ќе пораснат, компаниите ќе добијат дополнителни средства и можност за аквизиција на помали компании, односно можност да се прошират.

Кинескиот Xiaomi ќе потроши дел од инвестициите од 1,1 милијарда долари за влез во САД. Ова ќе означи влез на нов трет мобилен оперативен систем кој нема да биде под контрола на Google или Apple. Иако верзијата на Android која ја користи Xiaomi се разликува од онаа на Google, ќе биде интересно да видиме како ќе се изборат со Apple и тужбите за интелектуална сопственост кои најверојатно ќе ги дочекаат со влезот во САД. Јапонскиот Line ќе биде уште една азиска компанија која ќе се обиде да го освои американскиот пазар, а потоа и европскиот.

Oculus Rift по аквизицијата од Facebook ќе се мачи со верзијата на уредот за корисниците. Во 2015 година виртуелната реалност нема да успее да ги оствари очекувањата на корисниците, но без сомневање тоа ќе биде остварено во годините кои доаѓаат. Слична е и состојбата со паметните часовници кој покрај влезот на Apple Watch на пазарот нема да успеат да ги достигнат очекувањата на корисниците.

Што се однесува до виртуелната валута, тогаш ужасната 2014 година ќе ги пренасочи девелоперите од креирање на нови дигитални валути да излезат со нови идеи кој ќе го направат биткоин побезбеден.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk