0 коментари 3 мин. читање 5 јануари, 2015

Што не очекува на Consumer Electronic Show 2015?

Крајот на 2014-та вообичаено е без премногу новитети кога е во прашање ИТ индустријата, но веќе со самиот почеток на годината доаѓа можеби најголемиот настан Consumer Electronic Show или накусо CES, кој се одржува од 6 до 9 јануари во Лас Вегас. Како и минатите години CES и оваа година ќе биде показател на трендовите кои ќе бидат актуелни.

Дел од тоа што ќе се промовира се само продолжение на технологијата која ја видовме во втората половина на 2014-та година. Како и на минатогодишната презентација очекувањата се дека автономните возила и технологијата поврзана со автомобилите ќе има централна улога на CES, прогнозира Verge. Покрај самите автомобили интересно ќе биде да видиме до каде се CarPlay на Apple и Android Auto на Google, кои сега сега имаат нова област за натпревар.

Забележителни презентации се очекуваат за модните трендови кои сега почесто ги поминуваат границите и се соработуваат со технички компании, во обид да креираат подобра платформа за корисниците. Доколку сте зависници од новитети за паметни телефони, лошата вест е дека не се очекува премногу за сите платформи, со исклучок на Microsoft кои би можел да ја презентира раната верзија на Windows Phone 10. Од останатите вести добредојдена ќе биде презентацијата на новиот процесор од Qualcomm, Snapdragon 810 и првите подобри Firefox OS телефони, иако очекувањата за паметни телефони се за многу повеќе информации на Mobile World Congress во Барселона.

Она што мора да биде подобро се преносните компјутери кој покрај бледите презентации на CES 2014 не импресионираа во годината која замина. Покрај паметните часовници очекуваме повеќе и од останатите производители. Најверојатно најголем дел од посетителите со право очекуваат најважните презентации да дојдат за теми поврзани со „интернет на нештата“, област која без сомневање ќе биде најинтересно поле за натпревар во годините кои доаѓаат.

[youtube]8sH6cizkL6o[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top