(Oва е гостински пост на Нина Николиќ, стартап ентузијаст и автор на новиот блог #StartupSelfie, во кој објавува интервјуа со регионални стартапи)
Со Трин од Technopol делиме толку многу слични мислења, што ни беше тешко да го прекинеме разговорот. Таа е исто така одлична со запознавање на луѓе, па веднаш ме претстави со следниов #StartupSelfie гостин. Пред да дојдам во Талин, се обидував да закажам состанок со ко-основачот на TransferWise, но во тоа време Кристо Карман беше во Лондон. Но, за моја среќа, дечките со кои Трин ме запозна всушност беа дел од тимот на TransferWise.
TransferWise е стартап кои им овозможува на луѓето да префрлаат пари помеѓу земјите на нов и евтин начин. Како што велат тие „праќањето пари во странство е скапо, поради скриените трошоци кои мора да ги платиме. Но, TransferWise им дозволува на странците, интернационалните студенти и бизниси да имаат пари каде што им треба, за најмалата цена. Без скриени трошоци, без главоболки“.
Моите гостини беа млади, амбициозни и подготвени да направат револуција во FinTech. Да ве запознам за Раит Аро, кој е продукт менаџер, и Витали Лакуста, кој е одговорен за глобалното партнерство и е програмер исто така. Како започна нивната авантура?
„Јас стартував мој стартап пред 2 години, што беше мобилна апликација за лечење од депресија, со која се фокусирав на американскиот пазар, но тогаш тој бизнис модел не беше одржлив. Потоа ми се отвори можност да влезам во тимот на TransferWise и сум навистина среќен што ја искористив таа можност. Платформата навистина ти нуди поддршка секој ден да соработувате со мотивирани луѓе. На пример, кога имавме хакатон во кој мојот колега Витали беше во победничкиот тим, го забележавме неговиот талент и го викнавме да ни се приклучи.
Преку TransferWise сакаме да и вратиме на заедницата, и веруваме дека сме на вистинскиот пат. Фокусирани сме на продуктот и иако започнуваме да функционираме како корпорација, сѐ уште го имаме стартап духот. Во секоја дивизија, има мини тим од 5-6 луѓе кои се одговорни за нивниот продукт и неговиот развој. Има секогаш простор за тестирање на нови води, споделување идеи и собирање на тим кој ќе работи на тие идеи, откако ќе се покажат дека функционираат“, вели Раит.
Витали е интернационален студент, кој влезе во втората рунда на хакатонот на TransferWise и заврши како победник. Како награда му беше овозможено да оди во Лондон и да се сретне со основачите. Од тој состанок, знаеше дека сака да му се приклучи на тимот.
„Во тоа време имав две опции – да најдам работа и да останам во Естонија, или да се вратам во Украина и да започнам бизнис. Бидејќи мојата виза истекуваше, требаше да поминам низ 5 интервјуа за да му се приклучам на TransferWise , и тоа само во еден ден. Беше напорно, но вредеше. Јас сум најмладиот инженер во тимот и би им предложил на сите студенти да се приклучат на некој стартап додека студираат, бидејќи тоа ќе биде уникатно искуство. Секогаш бидете проактивни, не се плашете да ги преземете работите во своите раце и да ја реализирате идејата. Вежбајте го окото да препознава проблеми кои можат да се решат. Секогаш прашувајте зошто и обидувајте се да најдете начин како да најдете решение. Во TransferWise имаме навистина кул работна атмосфера, имаме чести дружби со тимот, креативна работна средина, и сме искрено со другите и секогаш дискутираме за „слонот во собата“. Верувам дека така се гради вистинска кoрпоративна култура. Нашето мото е No Drama – Good Karma“, вели Витали.
Се ближеше крај на работното време на Garage48 HUB, каде го водевме разговорот, па ги прашав за крај да дадат совет за некој што сака да се приклучи на стартапи.
„Верувајте во вашата мисија. Јас никогаш нема да останам на работа во која не верувам. Тука се чуствувам и знам дека сум дел од нешто што е фантастично, нешто што е поголемо од се друго, посебно кога ќе видам што градиме и како им го менуваме животот на луѓето кон подобро“, вели Раит.