(Oва е гостински пост на Нина Николиќ, стартап ентузијаст и автор на новиот блог #StartupSelfie, во кој објавува интервјуа со регионални стартапи)
Пролетта е време за патување… и за истражување на нови стартап заедници. Поминаа скоро пет години од последниот пат кога бев во преубавата Виена. Години поминаа, работите се сменија, но таа фантастична атмосфера сè уште се чувствува во градот. Сончевото време, налик на летните денови, го дополни тоа мое искуство. Заедницата е навистина развиена, па, прашањето беше каде да се почне?
Првото нешто што ми падна на памет за Виена беше Pioneers… неколку месеци претходно во Скопје имам чест да го запознаат Јурген Фуриан, ко-основачот, и да ја споделам неговата приказна преку #StartupSelfie 11.
Овој пат, пред 5 годишнината на Pioneers Festival, додека бев на мојот краток престој во Виена, бев супер возбудена да ги посетам во нивното седиште и да се запознаам со директорката за менаџмент на Pioneers Events, Натали Тонсаусер. Ако сте заинтересирани да видите што ни носи иднината, кои се стартапите што ќе ги променат правилата на игра, тогаш треба да ја посетите Виена кога се одржува The Event, каде ИТ иноватори градат мрежа која ќе успее. Добив пријатно добредојде штом влегов во собата на Palais Eschenbach и причекав додека тимот привршуваше со состанокот. Земавме час со Натали и веднаш ја испрашав за нејзината приказна за претприемништвото и Pioneers.
„Моето семејство има претприемничка позадина, и може да се каже дека бев „заразена“ навистина рано со целиот концепт. Иако ми се допаѓа уметноста и дизајнот, и мојата позадина е во тие полиња, откако имав краток период во Њујорк, се вратив во Австрија и се обидов да ги искомбинирам тие мои два интереси. Тоа што ме мотивира се мешањето на технологијата, уметноста и дизајнот, и лидерството. Затоа кога се вратив дома, бев претставена на Startup Live Events и Тим ми предложи да им се приклучам, и верувам дека тоа беше совршена можност и добар тајминг. Од тука, од самиот почеток на Pioneers тимот беа Андреас, Јурген, Тим и јас, и имавме можност да бидеме креативни, без хиерархија и да ја формираме целата атмосфера. Сега, кога го организираме фестивалот по петти пат, може со гордост да кажеме дека израсна во квалитетен настан. Ја имате оваа „мешавина“ еднаш годишно, на едно место, каде најпаметните луѓе од разни позадини се собираат да се поврзат и соработуваат. Исто така организираме помали индустриски настани, преку целата година во разни градови во Азија, Средниот Исток, САД, и сме возбудени што имаме огромен број на говорници, партнери и учесници што доаѓаат на големото финале на Pioneers FEstival во Виена. За оваа годишнина имаме поинаков пристап, бидејќи обезбедивме бесплатен пристап на Top 500-те интернационални стартапи, од вкупно 3.000 апликации што ги добивме. Тие доаѓаат од 7 различни еко-системи и имаат можност да ја покажат својата работа пред 300 инвеститори, 350 директори и повеќе од 15 интернационални претставници на медиуми“, вели Натали.
Бев навистина импресионирана од нивната работа, и колку напорно работи целиот тим за да го организира фестивалот. Бев возбудена што ќе учествувам, но бев и заинтересирана да откријам за што Натали се радува најмногу на овогодинешниот Pioneers и што е најважната работа што треба да ја знаат младите претприемачи.
„Подготвивме куп изненадувања за нашата петта годишница. Новина оваа година е нашата програма Supercharging Tеch by Supercharging Women, за која што сум навистина горда. Лично, очекувам да видам интересна био-технологија, стартапи за животните науки и за другите човечки теми. Исто меѓу фантастичните говорници ги имаме креаторите на Siri, Дак Китлаус и Адам Чејер, што ќе имаат европска премиера на VIV – АI-то што ќе го смени светот на #Pioneers16. Се радуваме на можноста да им понудиме незаборавно искуство на сите што ќе учествуваат. Мојата надеж е кога ќе помислите на Pioneers, тоа да биде поврзано со говорниците што ги носиме секоја година. Такваа заедница сакаме да изградиме. Програмата што ја направивме им помага на стартапите да се развијат и израснат. Луѓето што ги среќаваме, и пријателствата што ги градиме. Нашата порака за сите млади претприемачи, од тоа што го искусивме, најважното нешто е да добиете фидбек од експерти од полињата во кои сакате да работите. Знаењето за пазарите се работи што мора да ги научите за да ве одведат во вистинска насока. Не се двоумите да се поврзете со одреден експерт и секогаш прашувајте за се што може да ви помогне да ја решите загатката“, вели Натали.
Во исчекување сум да видам како ќе изгледа иднината според најдобрите стартапи на Pioneers Festival. Ми беше навистина задоволство што ја сретнав Натали. Уживав во нашиот разговор, и иако нашиот состанок беше во најхаотичниот период на Pioneers тимот, благодарна сум што се сретнавме и што разговаравме за #MakesYouPioneers.







