Стартапите од Централна и Источна Европа очекуваат инвестиции и поголеми тимови

во ИТ.ЕУ, Свет

Се сеќавате на анкетата за состојбата на стартап сцените во 15 земји од Централна и Источна Европа? Сега Inventures.eu ги објавирезултатите кои откриваат дека 69 отсто од стартапите очекуваат поголема парична поддршка, но добар дел од нив очекуваат и поголема слобода од влијанието на инвеститорите.

Над 300 стартапи од 15 земји се изјаснија во анкетата дека им треба поддршка од државата, иако бугарските, полските и српскитесе најгласни околу преселба во други држави каде има поголем потенцијал за стартапите. Околу 38 отсто од стартапите се уште не можат да одлучат, а 22 отсто се решени да останат дома.

Но, стартапите од овој дел на Европа очекуваат дека ќе има поголеми можности за инвестиции. Поточно 69 отсто ги очекуваат промените, додека 27 отсто се задоволни од моменталната финансиска ситуација. Проблем кој го потенцираат австриските стартапи е што парите од инвеститорите треба да бидат подобро дистрибуирани.

Дури 70 отсто од стартапите велат дека сакаат поголем тим, а 27 отсто велат дека тимот ќе им остане ист. Потребата од нови луѓе доаѓа од тоа што 85 отсто од стартапите се фокусираат да соберат повеќе корисници, а само 15 отсто сакаат да ги зголемат приходите по корисник. Шеесет и еден отсто од сите стартапи се нестрпливи да се појават на пазарот и да го чујат фидбекот од корисниците, додека останатите сакаат да го развијат продуктот во целост.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments