0 коментари 2 мин. читање

HTC дефинитивно ќе го прави новиот Google Nexus таблет компјутер

Инжиниерите на HTC последниве неколку месеци летаат до Googleplex каде работат на новиот Nexus таблет, јавуваат извори за Wall Street Journal. Google и HTC одбиваат да коментираат на се почестите најави за Nexus 9. За разлика од нив Nvidia на судска парница веќе објави дека до крајот на годината ќе излезе HTC-таблет со Tegra K1 чип.

Телефоните на HTC, пред се HTC One серијата, се навистина одлични но кога станува збор за таблет компјутер компанијата засега не може да се пофали со преголем успех. Напротив пред две години компанијата се откажа од таблет пазарот.

Сепак се чини дека Google кој вообичаено инсистира Nexus уредите да бидат од различни производители, ги убеди HTC да се вратат на таблет пазарот како нивен партнер за следната генерација Nexus таблет компјутери. Како една од можните причини покрај желбата на Google ниту еден производител да нема повластена позиција на пазарот е доминацијата на Samsung кој станува премоќен за останатите производители на Android.

Засега Google одбива да коментира за причините за прмена на Nexus партнерот. „Android е енергичен екосистем и на многу од учесниците им оди добро. Сепак има простор за на уште повеќе партнери да им биде добро и да направат иновации со Android“, велат од Google. Интересно последниот Nexus уред од HTC е првиот Nexus уред воопшто, Nexus One од 2010. За жл од тогаш па до денес ова останува единствениот уред од Nexus-линијата на кој работел HTC.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top