Најновата анкета на Ofcom открива интересни навики на луѓето за нивните телефони. Ова се осум од најинтересните што ги пронајдовме:
- Две-третини од анкетираните признале дека во тоалет никако не одат без нивниот телефон. Еден од пет луѓе признале дека го оставаат телефонот надвор, а еден процент од луѓето одбиле да одговорат на прашањето.
- Повеќе од една половина признале дека прво нешто што прават по будењето наутро е да го проверат нивниот телефон, додека само еден од десет анкетирани се изјасниле дека првин ја бакнуваат личноста до нив, па потоа сè останато.
- Над 50% никогаш не го исклучуваат телефонот целосно туку само си го дополнуваат. 13% го исклучуваат телефонот секој ден, како кога се на работа, а 9% го исклучуваат еднаш неделно.
- 9 во 10 анкетирани признале дека паралелно со гледање телевизија користат телефон, лаптоп или таблет
- Половина се изјасниле дека зборуваат на телефонот помалку отколку порано, додека една третина се изјаснила дека зборувале повеќе. Еден во десет не приметиле никаква разлика и сметаат дека ништо не се променило во тоа дали зборуваат повеќе или помалку од порано.
- 25% од анкетираните признале дека имале расправии околу тоа кој да користи интернет за стриминг или преземање работи. Расправиите биле за време за полициски часови, карантин и слични ситуации кои ги принудиле да проведуваат време заедно.
- За време на пандемијата, 1 од 6 анкетирани се изјасниле дека гледале и до 20 различни телевизиски серии
- 9 од 10 луѓе кои имале чести виртуелни состаноци признале дека најинтересна случка им била кога некое милениче ќе се појавило пред камерата и ќе направило некаква беља.
Дали се пронајдовте себеси во горните точки? Имате ли и вие некоја интересна навика поврзана со паметната направа? Споделете ја во коментарите или на социјалните мрежи!
Добивај известувања
Најава
0 Коментари
Најнови