Текстот е дел од иницијативата “.mk стартап на месецот” нa IT.mk и Startup Macedonia, во која секој месец профилираме по еден .мк стартап на пат кон успехот.
.мк стартап на месецот [април, 2024]:
Штo e Hoyo Tech?
Hoyo Tech e компанија која работи на создавање на целосен софтверски екосистем за кое било решение на IoT, дејствувајќи како давател на услуги со една точка за контакт.
Љубовта кон пурите како причина за иницијалното дружење, а љубовта кон IoT (Интернет на нештата) како причина за создавањето на успешниот бизнис – вака Дашмир Истрефи и Димитар Стојкоски, ко-основачи на Hoyo Tech, ги опишуваат почетоците на оваа македонска компанија.
Она што дополнително ги поврзува Дашмир и Димитар е и нивниот роден град Струга, каде што денес се наоѓа и седиштето на Hoyo Tech. Првично се запознале преку заедничката работа во една друга компанија, Димитар како iOs девелопер и експерт за сајбербезбедност, а Дашмир како проект менаџер.
Дашмир и Димитар
По заминувањето од компанијата нивните контакти продолжуваат, а по разговорите со еден потенцијален клиент позната станува и насоката на нивната нова компанија. Во тој момент, пак, тие имале само една идеја за она што сакаат да го работат.
“Еден од клиентите ни ја најави и потребата за IoT и за smart home, што и за нас самите беше нешто ново. Не бевме многу запознаени со таа област, јас работев развој на софтвер, а Дашмир работеше проект менаџмент во ИТ, нешто многу различно. Па така, седнавме и почнавме да истражуваме за тоа што во моментот постои на пазарот, и тогаш всушност сфативме како работи IoT секторот,” се присетува Димитар.
Како што објаснува, иако од една страна секторот е доста отворен, од друга страна, па, тука е и огромниот број на продукти – нешто низ што доста тешко се навигира. Сепак, она што можеле да го направат во тој момент, е да започнат со склопување на нешто што ќе наликува на “паметниот систем“, кој подоцна ќе прерасне и во нивниот главен продукт.
Димитар Стојкоски
“Почнавме со нарачување на различни категории на IoT уреди и успеавме да направиме демо за паметниот систем. Во тој момент немавме продукт, туку само идеја и некаков know-how за да создадеме нешто,“ објаснува Димитар.
Успешно демо и валидацијата на идејата за паметен систем
Целиот тој процес, од истражувањето па до демото траел месец дена. Резултат бил задоволен клиент, како и валидација на идејата дека нивниот паметен систем навистина може да направи разлика во индустријата. Дополнително, добиле и простор од две години за целосно да го разработат системот.
“Со првиот протип преку мобилна апликација контролиравме домофон, сијалици и шуко прекинувачи, и целиот процес за ова беше месец дена – од почетокот на истражувањето до конкретното демо. Ова исто така послужи да ни докаже дека продуктот функционира и дека идејата е остварлива. Кога отидовме на состанокот и презентиравме пред клиентот, знаевме дека ќе имаме две години за практична имплементација на сето ова, па тогаш решивме и дека е моментот за да ја отвориме компанијата,“ раскажува Димитар.
Во периодот кој следи добиваат уште неколку клиенти, а потоа во приказната се вклучува и ФИТР, на чиј повик аплицираат и добиваат грант од 30 илјади евра. Тука, во текот на 2018-та година, на некој начин Hoyo Tech започнува да го гради своето име.
“Веднаш кога го добивме грантот компанијата почна и да вработува, и да набавува опрема. Ни беа потреби IoT уреди со кои ќе можеме да експериментираме за да изградиме паметен (смарт) систем. Тука беа и првите предизвици, развојот на софтер не беше проблем бидејќи јас го имав знаењето, но тука беше решавањето на концептите за тоа како ќе функционира системот, дали ќе е на облак и слично. Размислуваме за тоа како да им направиме да им биле полесно на клиентите – како да се поедностават работите, на пример наместо пет различни апликации, како се да биде на едно место,“ вели Димитар.
Од друга страна пак, она што е доста важно во тој период е и самото позиционирање на компанијата, а за тоа е задолжен Дашмир.
Дашмир Истрефи
“Кога ги правевме иницијалните планови, клучно беше тоа како да се позиционраме, односно да се фокусираме на Б2Б зделки каде што таргетираме големи инвеститори кои градат поголеми комплекси. Истовремено, важно ни беше да не трошиме премногу ресурси. Биле каква девицијација од ова и работење на нешто со помал обем ќе значеше ист број на ресурси, но помала реализација. Стоиме и денес на ова, а проширувањето на потенцијалните нови пазари би било на истиот начин,“ објаснува Дашмир, додавајќи дека иако ваквиот пристап носи помал број на корисници, сепак скалирањето е многу поголемо.
Централизиран хаб за сите нешта IoT
Денес, компанијата има тим од околу 50 професионалци, со канцеларии во Струга и Скопје. Продуктот наречен Hoyo Home, пак, не е само агрегатор, туку тој е целосен продукт, или како што објаснува Димитар, “централизиран хаб за сите нешта IoT” кои му се потребни на еден корисник.
“До ова дојдовме преку експериментирање, односно моментот дисплејот да биде сервер, и тука да се вклучи и видеодомофонија итн. Дисплејот ја прави комуникацијата со сите уреди. Фронтендот е Ангулар, позадината е Јава и Пајтон,“ вели тој.
Моментално, ова решение е имплементирано во комплексот на Ист Гејт, каде што повеќе од 660 апартмани ја имаат опцијата да го користат решението, а секој исто така корисник може да го промени или модифицира системот.
Плановите за понатаму, пак, вклучуваат и многу други интеграции, раскажува Дашмир.
“Не е само smart home делот, туку проширување и на соларната интеграција, електрични полначи, енергетската ефикасност, автоматизацијата итн. Во зависност од тоа на кој пазар ќе одиме, ќе видиме дали ќе се оди со целосното решение, или пак со делумно решение,“ додава тој.
За Димитар, идеалното решение е и она што ќе најпрво ќе успее да ги реши основните потреби на корисниците, како и потоа секој ваков “паметен дом“ самостојно да учи и носи одлуки.
“Во овој момент размислувавме за неколку идеални решенија, а меѓу нив е она за склопување на соларната енергија со електричните полначи и возила, со потрошувачката на домот, ладењето и греењето, односно да ги решиме основните потреби што секој ги има и да ги оптимизираме што е можно најдобро Ја имаме автоматизацијата, па сега целта е самиот дом да одлучи како поефикасно да се троши енергијата, врз основа на денот и потребите на клиентите, односно системот сам да учи за индивиуалниот стан или куќа,“ вели тој.
Дали е можно тој паметен дом да биде навистина паметен и да може да му се верува? Според Димитар, оваа технологија нема граници, но она што може да ја кочи е различната регулација во различните земји.
“Од технички аспект можно е да се направи off the grid ефикасност. Има земји каде што тоа може да се направи, но некаде и не може. Тука е и примерот со соларната енергија, каде постои регулацијата којашто не дозволува да се направи такво решение – зависите од доставувачите на електрична енергија и условите кои треба да се постигнат,“ потенцира Димитар.
Зголемување на енергетската ефикасност преку паметните системи
Една од главните цели на сите оние компании кои се во IoT секторот е да успејат да ја зголемат енергетската ефикасност, а ваквата мотивација е и еден од главните двигатели на развојот на Hoyo Tech.
“Следните решенија ќе се темелат и на самата перцепција на луѓето за нашите продукти. Сите целат кон енергетската ефикасност и бараат оправдувања за користење на ваквите системи кои ќе ја донесат таа ефикасност,“ објаснуваат двајцата.
Дали новите проекти ќе се покажат успешни како Hoyo Home? Според Дашмир, ова секогаш зависи од повеќе фактори.
“Има одредени проекти кои ги планираш, подготвуваш, но мораш да ги затвориш бидејќи едноставно не можеш секаде да стигнаш и да постигнеш на време – можеби клиентот ќе нема доволно буџет за да се дојде до следната фаза. Некои продукти се прават од страста кон технологијата, но не значи дека продуктот е валидиран за на пазарот. Имаме и такви продукти и проекти во R&D фаза, но не значи дека со нив ќе имаме и гарантиран успех,“ вели Дашмир, со доза на претпазливост, која се темели и на дел од нивните претходни искуства.
“Имавме таков проект со vending machines, IoT опрема која ќе чита податоци за да предвиди кој апарат треба има одржување, кога ќе треба да се празни или полни со суровини итн. Тука направивме прототип, не го погодивме пазарот, па така тој остана недовршен,“ додава тој.
Кога се наоѓаат во една ваква ситуација, стартапите треба да ги приоритиризаат своите проекти, односно како што вели, “не е само да се има nice to have, туку да е навистина корисно“.
За него пак, успешен проект е секој оној проект каде клиентот е задоволен од крајниот исход – независно од тоа дали истиот е на време или во рамките на буџетот.
Присуство на глобалните пазари и позиционирање на брендот Hoyo
Каква е иднината на Hoyo Tech? И Дашмир и Димитар се согласни дека сакаат Hoyo Home да е достапен секаде во светските метрополи, како признат бренд.
“Ако имаме неограничени ресурси, тоа ќе е огромна компанија што ќе биде присутна секаде низ Европа. Иднината е дека сите домашни апарати ќе биде поврзани и ќе може да се комуницира со секој од нив,“ вели Димитар.
Дали вакво нешто може да се постигне од Македонија – и тука двајцата се согласни дека истото може да се направи и дека пазарите можат да се освојат.
“Во Македонија и остатокот од регионот водењето на бизнис и ширењето е доста различно, и ова прави целиот процес да е позабавен. Исто така, доколку успееш во мала држава како што е Македонија, тогаш знаеш и дека ќе можеш да истраеш и успееш и на поголемите пазари. Сме пробале со помали проекти во земјите од Западна Европа и гледаме дека можеме да се носиме со тие ризици и предизвици,“ порачува Дашмир.
Според Димитар, Македонија исто така има доста добар кадар кога станува збор за девелопери и ИТ професионалци, па така она што е важно е како ќе се реализира визијата на секоја онаа ИТ компанија која ќе се покаже како доволно амбициозна за да оди на големите пазари.
“Со добра организација тоа може да се постигне, а сведоштво за ова е дека голем дел од македонските девелопери работат за странски фирми и постигнуваат феноменални резултати,“ додава тој.
Нивниот совет за сите оние кои сакаат да тргнат по претприемачкиот совет е едноставен – трпение и работа.
“Да се фокусираат на идејата за продуктот, да се задржат на неа и да постепено да работат на таа цел – да не мислат дека преку ноќ ќе дојдат до успех, туку да се трпеливи и да се подготвени дека тоа ќе е долг процес,“ порачува Дашмир.
“Кога влегувате во било која индустрија битно е да ја знаете конкуренцијата, да истражите што се нуди, која е вашата иновација и што се разликува, и да имате конкретен план за нејзината реализација. Да не ги прескокнувате чекорите – почнувате од почетокот и се посветувате на остварување на идејата. Да знаете кога се постигнува компромис, но и да знаете кога не може да има компромис – и секој треба индивидуално да помине низ овој процес,“ заклучува Димитар.
Стани премиум член и доби пристап до сите
содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет,
верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го
поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!
This website uses cookies to improve your experience while you navigate through the website. Out of these, the cookies that are categorized as necessary are stored on your browser as they are essential for the working of basic functionalities of the website. We also use third-party cookies that help us analyze and understand how you use this website. These cookies will be stored in your browser only with your consent. You also have the option to opt-out of these cookies. But opting out of some of these cookies may affect your browsing experience.
Necessary cookies are absolutely essential for the website to function properly. These cookies ensure basic functionalities and security features of the website, anonymously.
Cookie
Duration
Description
itmkhascookiez-checkbox-analytics
11 months
Ова колаче е поставено од плагинот за контрола на прифаќање/одбивање на политиката за приватност. Колачето се користи за да се зачува изборот на корисникот за колачиња во категорија "Аналитика".
itmkhazcookies-checkbox-others
11 months
Ова колаче е поставено од плагинот за контрола на прифаќање/одбивање на политиката за приватност. Колачето се користи за да се зачува изборот на корисникот за колачиња во категорија "Други".
itmkhazcookiez-checkbox-functional
11 months
Ова колаче е поставено од плагинот за контрола на прифаќање/одбивање на политиката за приватност. Колачето се користи за да се зачува изборот на корисникот за колачиња во категорија "Функционални".
itmkhazcookiez-checkbox-necessary
11 months
Ова колаче е поставено од плагинот за контрола на прифаќање/одбивање на политиката за приватност. Колачето се користи за да се зачува изборот на корисникот за колачиња во категорија "Потребни".
itmkhazcookiez-checkbox-performance
11 months
Ова колаче е поставено од плагинот за контрола на прифаќање/одбивање на политиката за приватност. Колачето се користи за да се зачува изборот на корисникот за колачиња во категорија "Перформанси".
viewed_itmk_cookiez_policy
11 months
Ова колаче е поставено од плагинот за контрола на прифаќање/одбивање на политиката за приватност и не чува лични податоци.
Functional cookies help to perform certain functionalities like sharing the content of the website on social media platforms, collect feedbacks, and other third-party features.
Performance cookies are used to understand and analyze the key performance indexes of the website which helps in delivering a better user experience for the visitors.
Analytical cookies are used to understand how visitors interact with the website. These cookies help provide information on metrics the number of visitors, bounce rate, traffic source, etc.
Advertisement cookies are used to provide visitors with relevant ads and marketing campaigns. These cookies track visitors across websites and collect information to provide customized ads.