Gen Z го користи TikTok како пребарувач

Различните генерации имаат различни навики за информирање, учење и работа, па така генерацијата Z практикува информирање преку визуелна содржина, наместо долги пишани текстови или видеа.

Покрај различната форма, содржината се разликува и по времетраењето, односно кратките видеа или сликите преку кои се пренесува само една информација преовладуваат.

Google, широко познат како најпопуларниот пребарувач во светот, целосно го промени начинот на кој луѓето пристапуваат до информациите онлајн.

Со својот интуитивен интерфејс и моќните алгоритми, Google ефикасно индексира и организира огромни количини на веб-содржини, овозможувајќи им на корисниците лесно да најдат релевантни и точни резултати од пребарувањето.

Преку континуирани иновации и ажурирања, пребарувачот исто така ги прошири своите можности надвор од едноставните пребарувања со клучни зборови, нудејќи функции како што се предвидувачки текст, персонализирани резултати и гласовно пребарување.

TikTok го менува начинот на пребарување

Google го промени начинот на кој што луѓето доаѓаат до информациите, но тоа не значи дека некој друг нема да го промени истиот тој начин.

За разлика од Google, TikTok, се појави како социјална мрежа каде што содржината е во форма на кратки видеа и веројано никој не помислуваше на почетокот дека ваква платформа може да се користи и како интернет пребарувач.

Photo by Wyron A on Unsplash

Како резултат на огромната популарност кај младата публика, оваа социјална мрежа почна да се користи и како пребарувач.

Со својата страница „За тебе“ управувана од алгоритам, TikTok испорачува персонализирана содржина приспособена на интересите и преференциите на корисниците, ефикасно служејќи како пребарувач за откривање забавни и привлечни видеа.

Корисниците можат лесно да истражат куп содржини со лизгање низ нивниот извор или пребарување на одредени теми, хаштагови или креатори.

Алгоритмот на TikTok ги анализира интеракциите на корисниците, како што се допаѓања, коментари и споделувања, за да ги усоврши своите препораки и да испорача содржина што резонира со секој поединечен корисник. На овој начин, TikTok го редефинира концептот на пребарување обезбедувајќи динамично и поразлично искуство фокусирано на кратки видео содржини.

Кога Gen Z пребарува, наместо класичните Google Search и Google Maps, околу 40% од Gen Z ги преферира Tiktok и Instagram како пребарувачи кога им е потребна информација околу место за јадење, продавница за облека и слично.

TikTok се користи како пребарувач, но што се случува со дезинформациите?

Според статистиките на NewsGuardTech, кога корисниците на TikTok пребаруваат во апликацијата за актуелни и контроверзни теми како што се воените конфликти во Украина и Палестина, изборите, претходно Ковид вакцините и слично.

Скоро 20% од видеата прикажани како резултати од пребарувањето на TikTok содржат дезинформации.

Photo by visuals on Unsplash

Правилата на TikTok експлицитно забрануваат штетни дезинформации, вклучително и медицински дезинформации, и активно ја отстрануваат таквата содржина од платформата.

Тие соработуваат со веродостојни извори за да промовираат авторитетни содржини за прашања поврзани со актуелните теми и работат заедно со независни проверувачи на факти за да ја проценат точноста на содржината.

Борбата со дезинформациите продолжува секојдневно, од една страна се работи на подобрување на алгоритмите кои што имаат за цел да детектираат и отстрануваат лажни вести, од друга страна лажни вести има сѐ повеќе.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk