ФИТРгрантови: Хојо Тек IoT платформа за домашна автоматизација

Avatar img-thumbnail img-circle

во feature, ИТ.МК

Овој текст е дел од серијалот “ФИТР грантови” во кои што ги контактиравме фирмите кои имаат ИТ решенија на последнитe повици за грантови на ФИТР. Идејата зад серијалот е јавноста подобро да се запознае со компанијата, продуктот и очекувањата поврзани со грантовите.

ИТ.МК се обиде да стапи во контакт со сите компании од ИТ секторот и нивните одговори ќе ги објавиме како што пристигнуваат.


Споделете со нас неколку информации за вашата компанија… Кога е основана, примарна дејност, тековни клиенти или сл… или ако е ново основана, која е структурата и од кого е основана?

Хојо Тек (Hoyo Tech) е основана во Август 2018 од страна на Дашмир Истрефи и Димитар Стојкоски

Главни активности на компанијата се развивање на решенија во IoT сферата (Internet of Things – Интернет на нештата). Решенијата вклучуваат софтвер за менаџирање на возен парк (Fleet Management), домашна автоматизација (Home Automation), како и развој на персонализирани мобилни апликаци од овој домен

Дали може да ни кажете нешто повеќе за проектот за кој добивте финансии од ФИТР? За каков точно проект станува збор?

HOYO Home е проектот за кој аплициравме за финансиски грант од ФИТР. Со проектот планираме да изградиме централен уред кој ќе биде основата на нашата IoT платформа за домашна автоматизација.

Времетраењето на проектот е 12 месеци (Јули 2019 – Јуни 2020) и крајниот резултат е целосно функционален централен уред, без ограничувања за избор на хардверски производители.

Колку време и до кој степен е во развој? Кога најрано би можеле да очекуваме MVP (minimum viable product) од продуктот достапен за јавноста?

Во текот на Јануари 2020 предвидено е да биде готов и нашиот прв Show Room каде ќе биде изложено прототип од нашето решение. Продуктот ќе биде достапен за јавноста во март 2020.

Колку ќе ви помогнат дополнителните финансии од страна на ФИТР? Во кои делови од проектот поточно ќе ви помогнат финансиите од Фондот?

Најголемиот дел од средствата од ФИТР ни се наменети во проширување на тимот што работи на проектот, фокусирани единствено на овој проект

Дали производот/услугата што го планирате да го развиете е за домашен или интернационален пазар? Која е вашата примарна целна група?

Нашето претходно индивидуално искуство доаѓа од полето за телекомуникации и специјализиран софтвер за управување со флота на поголемите пазари во регионот како Албанија, Србија, Косово, Црна Гора. Во моментов имаме писмо за соработка на овие пазари за производот HOYO HOME но главна цел ни е проширување во ЕУ пазари.

Нешто дополнително што би сакале да додадете? :)

Учество во Меѓународен Саем (ИБЦ 2019, Амстердам) – ИБЦ е најголемиот саем за медиа и технологија, и Хојо Тек присуствуваше со заднички штанд со уште 3 други фирми од Северна Македонија подржан од Агенција за Странски Инвестиции на Република Северна Македонија. Преку овој саем ни овозможи да се отворат различни соработки за иднина, како и подобрување на нашиот продукт.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] се вклучува и ФИТР, на чиј повик аплицираат и добиваат грант од 30 илјади евра. Тука, во текот на 2018-та година, на […]

види ги сите огласи на kariera.it.mk