Стартап Македонија и агенцијата Monday со награда Brand Champion за Global Entrepreneurship Week 2022

Avatar img-thumbnail img-circle

во ИТ настани, ИТ.МК

Стартап Македонија во соработка со дигиталната агенција Monday преку својата работа на минатогодишната Глобална недела на претприемништво која ја организираа во Македонија ја добија наградата Brand Champion. Наградата беше доделена за време на Global Enterprenuership Congress кој се оддржа во Мелбурн, Австралија изминатиот месец.

Глобалната недела на претприемништво (ГНП) е годишна иницијатива која им служи на претприемачите од сите краишта на светот, а Стартап Македонија успешно стои зад оваа иницијатива во нашата земја уште од 2018 година.

Зад секоја годишна манифестација има месеци планирање, креативно размислување и иновации. Со тимот на Monday дигитална агенција, и студентите од тренинг програмите за графички дизајн и дигитален маркетинг во Monday Learning кои стојат зад брендирањето и маркетингот на оваа иницијатива, Стартап Македонија успешно ја комуницираше својата идеја, ја инспирираше локалната заедница и со тоа привлече внимание на глобално ниво во конкуренција од над 170 земји.

Минатата година Глобалната Недела на претприемништво славеше јубилејни 15 години по основањето. Под водство на Стартап Македонија и со креативната визија на Monday, минатогодишната Глобална Недела на претприемништво успеа да донесе една свежа и иновативна перспектива преку кампања која донесе рекордна посетеност на настаните во рамки на GEW2022.  Соработката на Стартап Македонија и Monday дигиталната агенција трета година по ред добива номинација за наградата BRAND CHAMPION со тоа што крајниот резултат оваа година беше самата награда.

„Startup Macedonia беше номинирана за 2 награди и во име на целиот тим, ја примив статуетката за BRAND CHAMPION AWARDS за GEW 2022. На Гала Вечерта во Мелбурн, Австралија присуствуваа 500 претставници од над 100 држави од светот кои заеднички делуваат преку своите организации во поддршка на иновациите и претприемништвото.  Горд сум што покажавме дека може да се направи вистински импакт доколку сите ресурси што ги имаме ги споиме заедно во една цел.“ – вели Игор Маџов – претседател на Стартап Македонија и координатор на Глобалната недела на претприемништво во С. Македонија.

Честитки Старап Македонија и Monday!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Operations

Matrix IT Global Services Macedonia

Marketing Strategist

Matrix IT Global Services Macedonia

Technical Support Specialist

види ги сите огласи на kariera.it.mk