Српскиот стартап за софтверска колаборација, Semaphore, сега е бесплатен за лична употреба

во Совети, Софтвер

Српскиот стартап за софтверска колоборација и тестирање на проекти, Semaphore, објави дека е бесплатен за проекти за лична употреба. Корисниците на бесплатната верзија ќе може да го користат 100 пати во месецот за најмногу 5 проекти, притоа користејќи два процесори. Заедно со оваа објава Semaphore ја намали цената на претплатата, па сега за 29 долари, корисниците можат да креираат неограничен број проекти.

Сепак Semaphore, креиран од Renderedtext, нема да застане на ова за креаторите на отворен софтвер, исто така ќе добијат и неограничен број на тестови. Се што е потребно е да го креирате проектот и да го објавите на GitHub, а потоа да го споделите на профилот на Semaphore. Semaphore нуди поддршка за Clojure, JavaScript/Node.js, PHP и Ruby, а до крајот на годината се планира да се воведе поддршка за сите поголеми јазици.

„Целта отсекогаш ни беше Semaphore да биде бесплатен за проектите со слободен софтвер. Сепак почетоците кога бевме речиси анонимни не ни го дозволија ова, моравме да чекаме бизнисот да биде доволно профитабилен… Сега сме задоволни што може да го споделиме со заедницата“.

[youtube]3Z1RVCSmX00[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments