Alienware го претстави новиот Area-51 десктоп компјутер кој Verge го нарече „Mac Pro на гејминг компјутерите“. Тоа што прво се забележува е новата форма на компјутерот, налик на Mac Pro со кој Apple почесто експериментира отколку производителите на десктоп, па затоа секоја промена е добредојдена. Наместо досегашното коцкасто куќиште, Area-51 е сместен во ново хексагонално куќиште. Како Apple и Alienware тврди дека новиот изглед е попрактичен, така може да се залепи до ѕид без притоа да се грижите дека го затворате отворот за вентилација. Вентилацијата навистина му е потребна на Area-51 бидејќи ќе доаѓа со новите 6 и 8-јадрени Haswell-E процесори, 32GB RAM и слотови за три графички карти. Напојувањето на ова чудовиште во зависност на инсталираните компоненти е до 1.5КW. Цената ќе биде објавена наскоро, но не очекувајте да биде евтин.
[youtube]xjYa6NXtTwU[/youtube]