0 коментари 1 мин. читање

Српската влада инвестира 35 милиони евра за локални стартапи

Србија наскоро ќе престави стартап програма за поддршка на младите компании и претприемништво во земјата, со фонд од 35 милиони евра, најави министерот за економија Саше Радуловиќ на Belgrade Venture Forum. Парите ќе им бидат распределени на инвестиционите фондови и акселератори на стартапи. Како што пишува Startit.rs, ова е втора програма од српските власти за поддршка на локалната стартап сцена. Првата програма беше стартувана пред скоро една година и преку неа беа доделувани грантови до 25.000 евра за стартапи.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top