Дури единаесет српски стартапи се добитници на 760.000 евра од бугарскиот стартап акцелератор Eleven досега, јавува Startit. Станува збор за 11 компании кој вкупно имат 45 вработени, поточно 17 основачи и 28 вработени.
Според Дилијан Димов, претставник на бугарскиот акселератор Eleven, кој има европска пари (12 мил, евра) наменети за инвестирање во ИТ сцената во Јужно-источна Европа, српската стартап сцена не се разликува многу од останатите во регионот. Како и сите други, таа е „микс на: сонувачи, стартапери, ментори и самопрогласени гуруа“, но разликата е што не постои институционално финансирање на стартапите во Србија, и тоа води кон дополнителни напори и финансии за да се изгради и задржи екосистем кој нема пари.
„Во неколку зборови – ентузијазмот на неколкумина, околу кои е централизирана српската стартап сцена надминува многу други, а тешката работа која ја завршуваат овие луѓе всушност креира и изгради стартап заедница, во околина која е потешка од останатите земји во регионот.“, вели г. Димов.
Еве за кои стартапи станува збор:
- Author Insights – Алатка за веб анализа, која ги рангира и споредува авторите и содржините на вебсајтовите;
- Book A Boat – апликација која ги поврзува сите кои бараат транспорт преку реки, езера или мориња, со помалите локални сопственици на бродови;
- BeeCloud – Апликација која ќе им ја олесни работата на пчеларите;
- CoprixMedia – Едукативни апликации/игри;
- Cyber City – веб билдер за субкултури;
- DataMaid – Алатка за менаџирање со повеќе содржини, видео фотографии, аудио и слично;
- Farmia – Маркет/Берза за стока (крави, коњи и слично);
- LegalTrek – Интегрирана правна канцеларија;
- Strawberry Energy – Јавни полначи со соларни панели и WiFi;
- VetCloud – Дизајниран за да им помогне на ветеринарите полеснo да стапат во контакт со сопствениците на миленичињата, но и препораки за продукти во зависност од медицинскиот картон на миленичето.
- Yanado – Таск менаџер во Gmail
Дел од стартапите се влезени во акселератор програмата преку Startup Akademija на невладината SEE ICT, чија цел е да ги поддржи локалните стартапи. Инвестициите во српските стартапи се направени за нешто повеќе од две години, бидејќи Eleven е присутен во Србија од јули 2012 година. За разлика од нив, македонските стартапи пак не можат да се пофалат со поголем успех со конкурирањето во слични програми, едни од ретките исклучоци се хрватско-македонскиот стартап u:Plug кој доби 25.000 евра од Eleven и Tesseract Interactive кои се добитници на 30.000 евра од LAUNCH Hub.







