Пет причини за посета на Глобалната недела на претприемништво од 8-ми до 14-ти ноември

Avatar img-thumbnail img-circle

во ИТ.МК

Глобалната мрежа на претприемништвото е најголемата светска мрежа која оперира со проекти и платформи во над 180 држави во светот кои поттикнуваат развој на бизнисите со една единствена цел: основањето и водењето бизнис да биде едноставно и достижно секому и секаде. Една од најпознатите иницијативи или програми на оваа мрежа, е токму Глобалната недела на претприемништвото (ГНП) која се празнува во текот на месец ноември од страна на 180 држави ширум светот, каде 20.000 партнери организираат над 40.000 активности кои пак обединуваат над 10 милиони луѓе. Оваа година, Глобалната недела на претприемништвото се одржува од 8ми до 14ти Ноември. Домаќин на оваа иницијатива од 2018 година во Македонија, е асоцијацијата Стартап Македонија. Оваа година, 60-тина партнери од академскиот, граѓанскиот, јавниот и приватниот сектор организираат 40 активности посветени на разни теми од областа на претприемништвото.

  • ГНП е иницијатива која го обединува целиот екосистем

Оваа иницијатива ја поддржуваат партнери од академскиот, граѓанскиот, јавниот и приватниот сектор кои организираат настани на разни теми од областа на претприемништвото како што се: акцелераторски програми, претприемачко образование, иновации, пристап до финансии, иднина на работните места, инклузивност и слично. Оттука, сите активни организации во екосистемот се директно вклучени преку поддршка на иницијативата или со директно учество преку организација на настан од отворен или затворен карактер и се отворени за соработка.

  • ГНП е иницијатива која ги истакнува успешните приказни во екосистемот

Навистина претставува пријатно задоволство да се слушаат успешни приказни кои потекнуваат од македонскиот екосистем и кои може да послужат како инспирација на идни генерации. За таа цел, има неколку партнери кои организираат таков тип активности, дополнително ја продолжуваме традицијата на сесиите „Пијалок со претприемач„, каде успешни претприемачи ќе зборуваат повеќе за нивните претприемачки авантури и ќе остават простор на заинтересираната публика да им поставува прашања околу нивните успесии предизвици.

  • ГНП овозможува препознатливост на македонскиот екосистем во регионални и глобални рамки

Големиот број активности организирани од партнерите и поддржувачите на ГНП во Македонија помагаат за зголемена видливост и препознатливост на македонскиот екосистем, не само во рамки на регионот Југоисточна Европа, туку и во глобални рамки. Така, заинтересираните учесници како партнери, имаат зголемена видливост.

  • ГНП е одлична шанса за посетителите да дознаат се што се случува во екосистемот

Активностите кои ги организираат дел од партнерите се посветени на алатки, ресурси, новости и политики за кои се залагаат сите активни чинители во екосистемот. Публиката дознава се што е потребно на едно место.

  • ГНП е одлична шанса за вмрежување во рамки на екосистемот

Да се има можноста за учество во 40-ина настани во рамки на една недела, каде е вклучен скоро целиот екосистем е директна шанса за квалитетно вмрежување меѓу учесниците во ГНП. Доколку сте стартап, имате можност да запознаете потенцијални партнери каде би аплицирале за грантови или акцелераторски програми; доколку пак сте инвеститор, имате можност да запознаете многу стартапи. Доколку потајно размислувате да основате сопствен бизнис, имате можност да учите и комуницирате со некој кој веќе го сторил тоа.

Дел од настаните во рамките на Глобалната недела на претприемништво од 8-ми до 14-ти ноември ќе се одржат во живо, а дел online. Поголемиот дел на настани ќе бидат пренесувани online на Facebook профилот на Глобалната недела на претприемништвото и Стартап Македонија. Проверете ја агендата на овогодинешната Глобална недела на претприемништвото и ставете го во вашиот календар настанот кој ќе го посетите. 


Напомена: IT.mk е медиумски партнер на конференцијата.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments