0 коментари 2 мин. читање 6 јули, 2011

Среќно смајли за добра администрација, тажно за лоша

Се чини популнување на формулари и нивно читање не функционираше како што треба. Можеби со технологијата ќе го реши проблемот. Министерството за информатичко општество тестира урад со кој граѓаните ќе можат да ја оценат работа на државната администрација коритејќи смајли икони и притискајќи зелено, жолто и црвено копче зависно од квалитетот на услугата.

Со новиот проект МИО има за цел да овозможи ефикасно и лесно оценување на администрацијата на лице место, односно да одбележи кои службеници си ја завршуваат работата како што треба и се услужни кон граѓаните, а кои не.

Сега за сега, ваквото оценување е во тест фаза. Ова е пилот проект кој е поставен низ 60 административни шалтери низ Македонија. Во Скопје има 14 во Фондот за здравствено осигурување. Доколку се покаже успешен, ваквите уреди со среќно, рамнодушно и тажно смајли ќе продолжат да се користат за оценување на администрацијата.

Get Adobe Flash Player



Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top