Среќен втор роденден Mobile Monday Macedonia!

Поминаа две години од првиот Mobile Monday Мacedonia. До сега на настанот кој се оддржува секој прв понеделник во месецот, имаше 19 презентации и гостуваа 23 девелопери, маркетери, бизнисмени и дизајнери кои го споделија своето знаење, искуство и идеи за развивање на мобилни апликации и мобилни стартапи.

„Ако направиме пресек за тоа колку стартапи и/или идеи од млади претприемачи се презентирани на настанот може комотно да бидеме оптимисти дека пазарот се буди. Ќе речеме дека е навистина раздвижен кога ќе мора да се чека на ред за да се презентира својата идеја секој прв понеделник во месецот.“, вели Дарко Булдиоски од New Media MK, кој е еден од ко-основачите на Mobile Monday Macedonia.

Но, иако постои оптимизам дека се буди македонскиот мобилен пазар, сепак Дарко и тимот зад настанот, посакува повеќе. Поточно посакува повеќе желба за споделување, повеќе позитивни и целосни проекти, и првиот голем настан на тема мобилни телефони, и надеж дека ќе има македонски глобален хит на пазарите за мобилни апликации.

Го прашавме Дарко кога би се вратил во времето пред првиот Mobile Monday, дали повторно би го стартувал настанот со досегашното искуство. Без сомневање, одговорот беше да.

„Да. Секако. Вмрежувањето е вистинската мотивација. Ова е настан кој се случува по наша иницијатива, но за да постои важна е самата заедница, важно е да се разменуваат искуства и знаење. Колку и да звучи нереално едно е факт, нема се на Интернет“.

Подолу е видео од првиот Mobile Monday Macedonia. Мите Кузевски од New Media MK го презентира настанот.

[youtube]OHIWu_kcLQQ[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments