Nokia Lumia 925 ќе биде потенок и полесен, и ќе дојде во Европа и Кина во јуни за 469 евра, најави финската компанија. Новата Lumia ќе биде изработена од алуминиум, барем за овој модел тоа значи стопирање на праксата за користење на пластика за рамката на телефонот. Ова е една од причините зошто телефонот е речиси 50 грама полесен од Nokia Lumia 920. Тежи 139 грама и е 2,2 mm потенок од претходникот.
Освен алуминиумската рамка, Nokia Lumia 925 ќе има големи сличности со Nokia 920. Телефонот доаѓа со двојадрен Snapdragon S4 Pro 1,5 GHz процесор, 1 GB RAM и 8,7 мегапиксели OIS камера. Камерата доаѓа со шест сегментна леќа со што се намалува изместувањето, вели BBC. Зголемена е и максималната осетливост на светлина од ISO 800 на ISO 3200 што значи дека фотографиите со недоволна осветленост, ќе бидат подобри.
Nokia Lumia 925 ќе биде дебела само 8,8 милиметри, но ова не значи дека е намален капацитетот на батеријата, таа останува 2000 mAh, вели Engaged. Сепак за намалувањето на тежината и димензијата на телефонот, жртвувано е безжичното полнење кое сега Nokia дополнително ќе го наплаќа. Телефонот доаѓа со 4,5 инчен AMOLED екран со Gorilla Glass 2 заштита и резолуција 1280х468.
Со оглед на тоа дека фокусот при рекламирањето на телефонот паѓа на неговите можности за фотографирање не изненадува што главен акцент и на софтверот е ставен токму на апликациите за фотографирање и споделување на фотографии. Smart Cam е новата апликација за фотографирање на која дури можете да и доделите и физичко копче. Апликацијата фотографира 10 фотографии една по друго, а потоа му дозволува на корисникот да одбере помеѓу: „најдобра фотографија“, „акциска фотографија“ или „фокус во движење“, што додава „Motion Blur“ на се што не се движи.
Телефонот најпрво ќе се појави во Велика Британија, Германија, Италија, Шпанија и Кина, по што ќе следат САД и останатите пазари. Цената на телефонот е 469 евра без данок, но и без договор со оператор.








