2 коментари 1 мин. читање

Апликација на денот: NQ Mobile Easy Finder ќе го лоцира вашиот украден телефон

Постојат неколку апликации кои би овозможиле следење на вашиот паметен телефон, но една од најновите е NQ Mobile Easy Finder која сѐ уште е во бета верзија, но сепак работи одлично за да го најдете вашиот изгубен Android телефон.

Со NQ Mobile Easy Finder лесно можете да го лоцирате вашиот телефон, да ги извлечете сите податоци од него, па дури и да направите фотографија од камерата и да си ја испратите на вашиот мејл. За да можете да ја користите апликацијата треба да се регистрирате и да ги следите инструкциите прикажани на екранот. Ќе биде потребно да ја активирате можноста за заштита на вашиот Android телефон со PIN, лозинка или шема за заклучување, така што, кога некој ќе се обиде да го отклучи вашиот телефон ќе добиете известување.

Апликацијата, исто така, ви овозможува да командувате и преку вашиот прелистувач на компјутерот со најавување на http://find.nq.com. Преку веб панелот, вие ќе можете да го активирате алармот на вашиот телефон, да го заклучите, да им направите бекап на вашите податоци и слично. Сопственикот на телефонот може да ги намести поставувањата за после колку погрешни лозинки да добива известувања, да го лоцира телефонот и да слика, користејќи ја предната камера на својот телефон. NQ Mobile Easy Finder можете да ја преземете од Google Play.

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top