Среќен прв роденден ФИНКИ!

во ИТ.МК

Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) го прослави својот прв роденден. ФИНКИ кој ги спои двата информатички институти од Природно-математичкиот факултет и Факултетот за електротехника и информациски технологии успеа во оваа прва година да се постави како образовна институција која е доволно способна да креира соодветен ИТ кадар.

Факултетот кој има над 600 студенти започна соработка со големи компании како Microsoft, Nvidia, Google, донесе супер-компјутер за понатамошни истражувања, отвори нови лаборатории, и се постави отворено кон своите студенти кои сега користат електронски сервиси како што доликува на една ИТ институција.

„Го прифативме предизвикот да бидеме пилот институција за многу е-сервиси. Започнавме соработка со над 60 компании, а тоа што е поважно е што успеавме реално да направивме нешто со нив, од пракси до проекти. Но, ова не е се што може го направивме.“, вели деканот Димитар Трајанов. „Сепак, нашиот најголем успех и богатство во оваа една година се нашите студенти.“

На манифестацијата беа наградени 90 студенти кои се истакнаа во студиите со просек над девет. Тоа што не изненади нас лично беше што повеќе од половината истакнати студенти беа студентки што ни кажува дека и понежниот пол е неверојатен ИТ талент кој сигурно ќе допринесе со нови и уникатни идеи во идното информатичко општество кое овие студенти ќе го изградат.

Среќен роденден ФИНКИ! IT.com.mk ти посакува успешни студенти!

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
asads
asads
10 years ago

posle 1 godina od prefrluvanjeto od FEIT na FINKI gledam deka toa bese golema greska… nisto ne e smeneto, samo za pari se raboti! sram za trajanov, trajkovic i kompanija!

види ги сите огласи на kariera.it.mk