2 коментари 2 мин. читање 30 март, 2012

Најпаметните европски умови ќе се борат против сајберкриминалот

Европската Унија најави отварање на безбедносен центар за борба против сајберкриминалот. Центарот ќе биде сместен во Хаг, покрај Еуропол, полициската единица која работи во рамките на Унијата.

„Ќе ги донесеменајпаметните еврoпски умови во полето на сајберкриминалот.“, најави евро-комесарката за внатрешни работи Сесил Малмстром. „Како што дигиталната економијата напредува со забрзано темпо, така и сајберкриминалот станува се посериозна опасност. “

Скоро 500 милиони европјани користат онлајн банкарство, со годишна размена на 8 трилиони долари, вели евро-комесарката додавајќи дека до 600.00 Facebook профили се гасат секој ден поради обиди за пробивање. Дополнително, во 2009-та биле откриени 6,7 милиони уникатни ботови, т.е. инфицирани компјутери со тројанци и вируси.

Сајберкриминалот предизвикува страв, па како да ја вратиме самодовербата кај корисниците, прашува г-ѓа. Малмстром. Решението е уникатен сајбер центар кој покрај борбата против онлајн измами и кражби, ќе се спротистави и на злоупотребите на лични податоци и кражби на идентитет. Овој центар ќе им помага на и на специјализираните CERT тимови кои ги имаат земјите-членки, но и ќе работи самостојно.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Филип
Филип
14 years ago

Ама од паметен има попаметен, нема никогаш да се запри САЈБЕР КРИМИНАЛОТ, НИКОГАШ се дур постој ИНТЕРНЕТОТ..

зоран
зоран
14 years ago
Reply to  Филип

точно така бато. со едноставна мотивација на мозкот во форма на ентузијазам, тој нема граници. само таа иницијалната каписла да ја нема и секој би можел да го постигне тоа, вака само 2%.

Мени
Заедница
Изглед
To top