(Серијалот текстови за претприемачки неуспеси Spotlight on Failure е проект на Inventures.eu. Интервјуата со успешни претприемачи кои често грешеле, имаат за цел да покажат дека стравот од неуспех, присутен често во Централна и Источна Европа, може лесно да биде едукативно искуство.)
Демиан Издебски, 38, е комплетно посветен на својот ИТ бизнис, DiTech. Веќе 15 години, тој си направи име за себе како успешен претприемач, но на крај изгуби се во 2014-та година. Сега се враќа од банкротот со нова бизнис идеја и ни раскажува за неговото искуство кое го натера да отпушти 250 луѓе. Без врска дали сте ги правеле сите работи како што треба, грешките едноставно се таложат на вас – понекогаш се може да ви избега од раце. И ни се случува на сите од нас. Да знаете и да верувате во ова, можеби ќе ви помогне полесно да го прифатите неуспехот, и да се соочите со последиците и да ги искомуницирате како посебна тема.
Зборуваме со Демиан Издебски, основач на DiTEch и Techbold, за какво е чуството да ги отпуштиш сите вработени, за ефектите кои неуспехот ги има врз семејниот бизнис и за јавно комуницирање на неговиот банкрот, и за каков е животот на границата. По неговата загуба тој помина неколку месеци во САД и сега, откако ја објави својата книга, г. Издебски се врати на своите нози со нов бизнис и е подготвен да почне од почеток!
Кога се почна да се руши
Во 2014-та година DiTech, водечкиот продавач на хардвер и електроника во Австрија, беше принуден да пријави банкрот. Основан во 1999 година од тогаш-23-годишниот Демиан и неговата жена Александра, стартапот се претвори во национална и наградувана компанија со преку 20 продавници и 250 вработени. Во неговите рани години како претприемач, г. Издебски го одбра поризичниот пат наместо да ги заврши студиите. Дури и сега, по губењето на DiTech, тој сè уште не е се плаши да вложи се што има во отворањето на нова продавница на својот нов стартап Techbold во Виена.
„Како претприемач сакате да направите се за да ви работи бизнисот. Се обидовме да го задржиме DiTech до последната минута и вложувавме наши пари во бизнисот колку што можевме. Со тоа сакавме да ги убедиме и да им покажеме на нашите финансиски партнери дека ние самите веруваме во тоа што го правиме“, вели тој додека се сеќава на последните моменти со DiTech. Една од неговите најголеми грешки, која тој ја опишува во книга напишана откако неговиот бизнис пропадна, се однесува баш на тој момент: грешка да се види што следи и грешка да се реагира брзо. „Ако погледнам на тоа сега, требаше да го прифатам поразот неколку месеци порадно, така ќе беше најдобро. Со парите што ги вложив во бизнисот можев лесно да финансирам нов почеток“.
Потешкотиите да се комуницира неуспехот
Секако, човек е секогаш попаметен по настаните, но дури и да пријаваше банкрот порано, тој сепак ќе мораше да го објасни неговиот неуспех. Бидејќи DiTech беше семеен бизнис, првите луѓе што разговараа за затварањето беа жената на основачот и децата. Г. Издебси израсна во претприемачка фамилија, и неговите деца беа исто така родени во бизнис.
„DiTech беше постара од моите деца, па тие не знаеја ништо друго“. Неговиот брат, татко и свекрва исто така работеа во фирмата, па затварањето беше како крајот на светот за целото семејство. „Не погоди и финансиски бидејќи половина од семејството одеднаш беше без работа“. Иако беа тешки времиња, неговото семејство застана зад него 100%, а неговата 13-годишна ќерка неодамна рече дека планира да биде претприемач. „Видите, прифаќањето на ризик и дури паѓањето не треба да ве плашат. Ако го прифатите тоа искуство, тоа ќе ве одведе подалеку“.
Затварањето на компанијата со продавници низ целата земја не беше само проблем за потесниот круг, туку имаше пошироки импликации. А што може да биде потешко од тоа да мора да им кажете на вашите вработени дека ја изгубиле работата? „Ние секогаш споделувавме детали за состојбата на компанијата со нашите вработени. Тие беа запознаени уште од раните фази и знаеја што можат да очекуваат. Но, и тие се надеваа на среќен крај, секако“. Кога компанијата поднесе документи за банкрот, околу 250 вработени ја изгубија својата работа, и г. Издебски признава дека беше посрамен дека ова не можеше да биде избегнато. „На крајот треба да застанете, да разберете дека не е можно веќе и да признаете дека не сте успеале“.
Кога одите јавно, бидете подготвени за дискусија
Кога дојде до моментот да се информира јавноста за развојот во DiTech, г. Издебски избра малку необичен начин да ги информира: „Почнувајќи од март 2014-та испратив отворено писмо до медиумите и нашите партнери. Ја објаснив нашата положба, открив дека сме банкрот и започнав да зборувам за грешките што ги направив. Ги признав грешките, како на пример дека ќе беше многу попаметно да донесев инвеститори три години порано и така натаму“. Со ова писмо тој отворено ги призна своите грешки да не реагира. Тоа што тој го сметаше од најголема важност кога се соочуваше со обвинувањата од јавноста, беше да се биде искрен и да се земе целосната одговорност за одлуките.
„Како претприемач мора да донесете одлуки – стотина одлуки, мали и големи, секој ден. И на крајот на денот, треба да преземете одговорност за тоа… Но, тоа не е се што прави еден претприемач. Ако секогаш играте на безбедно – иновацијата нема да се случи. Едноставно мора да преземете ризик за да одите подалеку. Многу успешни претприемачи не успеале во минатото – но без тоа искуство тие никогаш немаше да успеат“.
Post mortem: После загубата
Иако г. Издебски верува дека вестите за неговиот неуспех беа фер и избалансирани, сепак тоа што не можеше да го поднесе беше онлајн комуникацијата. „Јавно си ги признав грешките за никој да не пишува за нив по медиумите. Директниот фидбек од анонимните форуми, сепак не беше праведен и отиде многу подалеку од бизнис нивото. Искусив лични и дури расистички навреди, но најверојатно тоа е можно со маската на анонимност“.
Времето после губењето на компанијата во Австрија беше исцрпувачко – финансиски, но и на психолошко и емоционално ниво. „Вие сте исклучени, луѓето за кои мислевте дека ги знаете веќе не го подигнуваа телефонот, дури и поминуваа од другата страна на улицата. Ве стигматизираат“. Затоа, кога се беше кажано и направено, г. Издебески мораше да направи промена на околината. Замина во САД за да открие како луѓето се справуваат со теми како банкрот и неликвидност, и како се стартува бизнис од друга страна на океанот. Во Калифорнија тој се сретна со други луѓе кои не успеале, збореше со инвеститори, и беше инспириран да си го запише своето искуство за бенефит на другите.
За разлика од Австрија, луѓето во САД едноставно сакаат да научат од него и беа заинтересирани за неговото бизнис искуство. Тие видоа цел нов пакет – основање, градење на компанијата, приходот од милијарди евра, и не се фокусираа само на неуспехот. „Имав многу време да размислам. Начинот како луѓето реагираа на мене и како тие го почитуваа моето знаење, беше нешто што ми даде дополнителна мотивација. Тогаш решив да напишам книга и дека основање на нова компанија е единствениот чекор напред за мене“.
Во неговата книга „Мојата најдобра грешка“ тој ги сумира седумте најдобри, зборувајќи за како е да паднеш како претприемач и ги охрабрува другите да зборуваат за тешките времиња. Пишувањето на книгата не е беше само шанса за да се соочи со последната година на емоцијонално ниво, туку беше и стратешки чекор за неговиот нов бизнис. „Сфатив дека нема многу луѓе кои обично зборуваат на овие теми. Знаењето за неуспехот може да биде вредно и мислам дека другите претприемачи можат да научат од тоа што го искусив“.
Враќање во претприемаштвото
„Ако сте сами изградиле бизнис и постојано донесувате одлуки самостојно, тогаш е многу тешко да бидеш вработен кај други“, г. Издебски го објаснува својот храбар чекор за основање на нов бизнис во 2015-та година. Со Techbold тој му остана верен на својот ентузијазам за ИТ и гради две компании во исто време.
„Морате да се посветите целосно во креирањето на новата компанијата – тоа не е хонорарен проект, ниту е редовна работа од 40 часа неделно. Во мојот случај, јас треба да се соочувам со 200.000 проблеми од минатото. Едноставно нема време да се плаче за расипаното млеко бидејќи мора да се фокусирате на тука и сега. Морате да се борите за секој клеинт, за секоја нарачка – снемувате пари два пати месечно, еднаш на 15-ти и еднаш на 30-ти, но продолжуваш да се бориш и продолжуваш понатаму“.
Techbold Network Solutions нуди услуги за своите клиенти кои работат со мрежи, WiFi, нуди поддршка и облак сервиси. Од друга страна, има исто така и Techbold Hardware Service кој беше стартуван во Виена пред неколку недели. Со двете услуги г. Издебски нуди услуги за PC-ја, таблет компјутери и мобилни телефони – од поправање на скршени екрани до софтверски надоградбри, чистење од вируси, поправки и друго.
„Децата и семејството се фокусираат на иднината. Тие живеат во сегашново време, и знаат дека што е минато е минато. Можеби им фали стариот бизнис од време на време, но тие научија како е да се основа нова фирма и гледаат позитивно на иднината“. За г. Издебски е важно да се оддржува животот во баланс и да се захтити од стравот од неуспех. „Верувам дека може да си ја исполните судбината и дека ако сте 100% сигурни дека нешто ќе успее – тоа ќе успее. Вашето однесување влијае врш вашите вработени, клиенти и целиот бизнис… Да можеш да ги поттикнеш другите со твојот дух е талент – не најаважен од сите – но претприемач мора да го има за да успее“.
Techbold веќе има девет вработени и цели повисоко – што повторно е игра со високи влогови. „Ќе направам многу нови грешки со новиот бизнис – и го знам тоа со сигурност бидејќи имаме иновативни пристапи во многу области и целиме кон повисоки цели. Реалистичен сум доволно да знам дека не се ќе функционира беспрекорно. Целиот живот е всушност процес на учење и како претприемач учиш уште од првата минута за твојот бизнис па се до последната.








