0 коментари 3 мин. читање 23 април, 2015

Што се можете да испринтате со 3Д принтер?

Достигнувањата кои се случуваат во технологијата на 3Д принтот постојано се движат во нагорна линија и бројот на предмети кои можете да ги замените со помош на оваа технологија постојано расте. Можете да направите предмети за употреба во медицината (протетика), стоматологија, автомобилска и авио индустрија, мода, различни детали за вашиот дом или уникатни подароци за најблиските.

Со цел да ја разбудиме вашата љубопитност, во продолжение ви претставуваме неколку функционални примени на 3Д Принтерот:

  1. Акцесоари за домашна журка со кои ќе ги изненадите пријателите и кои ќе ја направат вашата забава незаборавна, а во исто време и сите ќе посакаат да ги имаат.
  2. Накит – одличен подарок за вашите најблиски
  3. Акустична гитара – Гитарата од вашиот омилен музичар можете да ја имате во вашиот дом
  4. Делови за бела техника – наместо да купувате нова машина можете да испринтате нови делови за истата во секое време
  5. Браник за кола – Можете да испринтате целосна кола или пак само делот за кој е потребна промена
  6. Механичка рака (протетички средства) – 3Д принтот ја револуционаризира модерната медицина и го олеснува животот на многу луѓе
  7. Заштитни маски за смартфони. Имајте секогаш уникатна и различна маска за вашиот телефон, а кога изгледот ќе ви  здодее – едноставно испринтајте си нова.
  8. Сет чашки за секојдневна употреба, можете да испринтате поголеми количини во зависност од бројот на гости во вашиот дом

Изборот зависи од вашите потреби, а дизајнот едниствено од вашата креативност. За подготовка на дизајнот можете да го користите било кој програм за дигитално моделирање или пак некој од илјадниците готови модели за чие користење не е потребно да имате дополнително техничко знаење.

Во комплет со принтерот доаѓа и софтверот кој врши подготовка пред печатење. Материјалот кој се користи за да се претвори дигиталниот во 3Д модел е ПЛА обновлив био-разградлив полимер кој по завршувањето на печатењето не бара никаква доработка.

Покрај многубројните можности кои ги нудат, 3Д принтерите се подостапни за секого и во однос на цената и во блиска иднина можат да станат дел од секој дом. Повеќе информации за цената и достапноста на 3Д принтерите на нашиот пазар можете да најдете на следниот линк.

Во насока на олеснување на денешниот брз начин на живеење можете да ги погледнете и сите останати производи од eлектроника, компјутерска и мобилна технологија наменети за таа цел на следниов линк.

Овој текст е платен ПР текст на РЗ Инфомедиа. IT.com.mk не сноси никаква одговорност за содржините на истиот.

 

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top