AdBlock победи на германски суд; има легитимно право да блокира реклами

во Веб, Свет

AdBlock Plus, популарната екстензија која блокира банери, е победник во судскиот спор со германските издавачи кои бараа екстензијата да не блокира реклами на нивните сајтови. Одлуката на Судот во Хамбург е дека корисниците имаат право да го користат плагинот, иако ги загрозува можностите на издавачите Die Zeit и Handelsblatt за заработка.

„Одлуката на судот во Хамбург е важна бидејќи е преседан кој може да ни помогне да избегнеме понатамошни тужби и трошоци, бранејќи го она што сметаме дека е очигледно право на потрошувачите: овозможување на контрола на корисниците да им биде презентирано она што сакаат да го видат, блокирајќи ги здодевните реклами, притоа штитејќи ја нивната приватност“, вели Бен Вилјамс од AdBlock Plus на својот блог.

Иако првата битка е добиена, „војната“ сè уште е далеку од завршена, издавчите планираат да ја нападнат „white list“ платформата на AdBlock Plus, од која всушност заработуваат. White List овозможува монетизација на сервисот преку договори со компании, пример Google, Microsft, со што понатаму е овозможено непречена презентација на рекламите. Овие реклами мора да исполнат неколку критериуми односно да немаат анимација и звук, но сепак останува впечатокот дека корисниците сепак не се сопственици на сопствениот екран.

AdBlock Plus е обвиниета во уте три слични судски спорови со ProSiebenSat.1, RTL Interactive и Axel Springer, јави BBC.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments