(Серијалот текстови за претприемачки неуспеси Spotlight on Failure е проект на Inventures.eu. Интервјуата со успешни претприемачи кои често грешеле, имаат за цел да покажат дека стравот од неуспех, присутен често во Централна и Источна Европа, може лесно да биде едукативно искуство.)
Повеќе од 90 стартапи пропаѓаат. Звучи познато? Најверојатно да. Оваа статистика стои како темен облак над главите на сите млади претприемачи. Дa, иднината на многу технолошки стартапи не е сигурна; да, многу од нив стравуваат и од најмалиот неуспех; и да, многу од нив нема да успеат. Но, како што се покажува, стравот од неуспех не е толку лоша работа. Даниела М. Фабиган, истражувач на факултетот за психологија при UniWien, зборува за стравот од неуспехот од гледна точка на неуролог и ги советува стартапите како да го искористат тој страв за нивна корист.
Како реагира мозокот на стресот?
Кога сте соочени со неуспех, дури и со самата помисла за тоа, човечкиот мозок стартува нешто што е познато како реакција на стрес. „Мозокот се обидува да ја подготви личноста да се справи со можност од неуспех, и еден начин како го прави тоа е со ракцијата на стресот“, вели г-ѓа. Пфабиган. Тоа што се случува води кон состојба во која „вниманието на личноста е фокусирано, целото тело е во состојба на подготвеност, со идеја дека со оваа психолошка реакција, тој или таа ќе може да функционира подобро“.
Со други зборови, првичниот стрес кој се активира поради стравот од неуспех е всушност корисен, бидејќи ја подготвува личност да работи подобро во одредена ситуација. На пример, „поради оваа подготовка, вие размислувате побрзо“, вели г-ѓа. Пфабиган. Меморијата ви работи подобри. Но, останува прашањето:
Зошто всушност се плашиме од стравот од неуспех?
Да откриеме „најдобро е да почнеме со објаснување од еволуцијата“, вели таа. „Назад во каменото доба, кога луѓето се соочуваа со неуспех, тогаш тоа беше ситуација која се закануваше по живот“. Едноставно кажано, луѓето не можеа да си дозволат да паднат, бидејќи алтернативата беше смрт. „Јас мислам дека иницијалното еволуциско средство беше да се креира реакција на стрес, која еволуираше за да ни помогне да се извадиме од тие опасни ситуации“.
Денес, неуспехот во поголем дел од ситуациите што (за среќа) не се опасни по живот. Но, повеќето луѓе се соочуваат со социјалната евалуација, вели г-ѓа. Пфабиган. Ова е бидејќи активностите на луѓето и нивните одлуки се постојано испитувани и оценувани, дали од блиски пријатели, професионални контакти или од случајни странци. И во светот на претприемаштвото, работите се исти.
За стартап ентузијасти, идејата дека нивниот бизнис ќе пропадне е всушност една од тие ситуации, во кои социјалниот имиџ е ставен во опасност. Последниците на ова е стравот од неуспех, што води до реакцијата на стрес.
„Кога и да ја почуствувате оваа реакција од стравот, таа е секогаш придружена со негативен афект и затоа фокусирањето на вниманието и подготовките за билошто доаѓаат со цена – а тоа води да не се чуствувате добро“, објаснува г-ѓа. Пфабиган. Тоа што е важно е дека „оваа реакција на стравот е краткотрајна, што значи дека опасната ситуација се разрешила сама, и вие повторно ќе се чуствувате добро“. Со претприемачите, кои постојано мора да го туркаат својот стартап напред, тој страв од социјалната евалуација е присутен често, вели таа.
Социјалните и други притисоци врз претприемачите
Ако зборуваме за социјалната перцепција, г-ѓа. Пфабиган го споменува очигледниот, но и важен заклучок: Не постојат двајца луѓе кои ќе реагираат исто на стресна ситуација. „Една важна работа е дека некои луѓето се повеќе анксиозни за социјалната евалуација, и посебно за негативната социјална евалуација, додека на други не им е гајле толку за што луѓето мислат за нив“, вели таа. Moжеби, бидејќи претприемачите работат на нивните бизнис идеи и се посветени да ги направат успешни, тие нема да бидат толку засегнати за социјалната евалуација. Но, не треба да се генерализира, додава таа.
Посветеноста кон проектот е честа втора природа на претприемачите. Но, во таа посветеност, тие често преземаат обврски кои не можат да ги исполнат. Ако сте ИТ човек и добиете добра идеја, ќе треба да знаете како да водите бизнис. Со зборовите на г-ѓа. Пфабиган: „Имате експертиза во една посебна област, но истовремено имате и притисок да направите и други работи, за кои не знаете многу“.
Притисоците постојано се таложат, што ги прави претприемачите зависни од други луѓе. „Ако ги инвестирате сите ваши пари во стартап и тој не успее, тогаш вие останувате со ништо“, вели г-ѓа. Пфабиган. Но, „ако убедите други луѓе да инвестираат во вас , и вашиот бизнис, тогаш, повторно имате социјален притисок од тие луѓе кои зависат од вас“. Способноста да се менаџира таков притисок рано е од круцијално значење, посебно кај стартапите, каде ризиците се често високи.
„Гушење под притисок“
Високиот ризик е клучен фактор како луѓето се справуваат со предизвиците и стравот од неуспех. „Невролошки истражувања покажуваат дека во ситуации од високи ризици, во кои го не може да го контролирате ризикот, но знаете за него, се случуваат два различни процеси, и интеракцијата помеѓу овие два процеси може да води кон намалување на перформансите“, вели г-ѓа. Пфабиган.
Тоа што таа го мисли е феномен познат како „се гуши под притисок“, кој често се појавува како резултат на претерано анализирање на работат во ситуација со висок ризик. Од една страна, г-ѓа. Пфабиган објаснува, во такви ситуации луѓето често се фокусираат на еден специфичен аспект на обврските пред нив. Од друга, тие се во состојба на висока надразнетост, во која развиваат емоционална реакција за што може или не може да се случи кога тие ќе успеат. „Ова води кон небалансирана состојба на висока надразнетост и фокусирано внимание. Оваа интеракција на овие два процеси може, барем кај некои луѓе, да им ги намали перформансите“, сумира таа.
Како да научите да се справувате со стравот од неуспех?
Стартување компанија не е лесна работа, има многу работи кои треба да се завршат и многу други кои висат во воздух. За да избегнете да бидете преоптеретени од работата, г-ѓа. Пфабиган советува 1) да си направите листа со работи што треба да се завршат; 2) да си ги запишете вашите грижи, и што мислите дека ќе се случи погрешно. Ваква листа може да ви помогне да ги предвидите проблемите, и да се справите со нив. Дополнително, стартап претприемачите треба да научат да работат што е можно поефикасно и ако е потребно, кога ќе заглават на проблемот, да го остават на страна и да најдат друга занимација.
Како, можеби ќе прашате? Поминете на друг аспект на вашиот стартап. „Кога ќе се исклучите од еден аспект на вашиот проект, проектот ќе оди напред и нема да биде целосно закочен бидејќи сте наишле на едно нешто што не работи“, вели таа. За крај, г-ѓа. Пфабиган советува дека треба да разберете што е реакција на стрес и што значи. Претприемачите треба да се свесни дека таа реакција, што го тера телото да биде напнато и што ја забрзува работата на срцето, е сосема нормална и треба да се гледа како на психолошка подготвеност за идните стресни ситуации. „Луѓето треба да знаат дека нивното тело не работи против нив, туку со и за нив“, вели г-ѓа. Пфабиган.
На крајот на денот, клучот е во знаењето. Знаење дека кога ќе се соочите со стравот од неуспех, може да ги искористите реакциите што ги стартува вашиот мозок, и да ги претворите негативните чувства во позитивни резултати.







