ИТ настан: Како да креираш апликација што ќе го освои светот? Дознај на Startup Grind Skopje

Avatar img-thumbnail img-circle

во ИТ.МК

Закажан е нов Startup Grind Skopje за 21 април. Гостуваат Глигор Дачевски и Кирил Јакимовски кои ќе го претстават својот нов стартап DoxBee, и ќе зборуваат за нивното искуство со освојување на светот. Глигор е ко-основач на најголемата македонска софтверска компанија, Seavus, и основач на SportyPal, најуспешниот спортски стартап во земјава. DoxBee му е нов проект, кој заедно со Кирил Јакимовски, го промовираат ширум светот како алатка за колаборација со надворешни соработници и склучување на договор.

Организиран од тренинг центарот Clear View Business, на петиот Startup Grind Skopje ќе зборува за како да се маркетира апликација за да го освои светот. Можеби DoxBee е нов проект, но Глигар успеа да привлече 5,2 милиони симнувања на SportyPal, која е една од најпопуларните фитнес апликации што се преинсталира на мобилните уреди. Гостите ќе зборуваат и за успесите и падовите, како да се привлече инвеститор, кои се грешките што треба да се избегнат во презентациите, и како е да бидеш дел од SeedCamp, еден од најуспешните европски стартап акселератори.

Настанот е закажан за 21 април, и влезниците се пуштени во продажба. Може само да ви препорачаме дека за 300 денари вреди да се учествува на настанот и да се научат нови работи. На претходните настани слушавме совети како да се ризикува повеќе, и стартап совети од министер.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments