Samsung состави тим од 200 луѓе за произвoдство на екрани за Apple

во Свет

Samsung најавува тим чие единствено задложение ќе биде производство на екрани за уредите на Apple. Тимот ќе биде составен од 200 вработени, со што Samsung се надеваа дека ќе ја зајакне соработката со Apple, јави Bloomberg. Екраните од Samsung веќе доаѓаат на уредите на Apple пред се за MacBook и iPad.

Соработката може да му помогне на Samsung кој последниве неколку тримесечија забележува намалување на продажбата на своите мобилни уреди, а вака ќе имаат заработка и од секој телефон кој го продава најголемиот конкурент. Дел од уредите на Apple, iPad, iPhone и iPod Touch, доаѓаат со дисплеи на LG кој исто така има криран посебен оддел кој работи единствено на дисплеи за Apple. За сега е не е потполно јасно како новата соработка помеѓу Apple и Samsung ќе влијае на партнерството помеѓу LG и Apple.

Oдносите помеѓу Apple и Samsung се нарушени по бесконечните судски процеси помеѓу двете компании, главно иницирани од Apple. Заедно со одделот за дисплеи е најавена и подлабока соработка на полуспроводници, па новиот А9 процесор за уредите на Apple ќе доаѓа од фабриката на Samsung во Гихеунг, Јужна Кореа.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments