Создавајте јавни уметнички галерии со најновиот проект на Google Arts & Culture

во Веб

Вчера, зборувавме за тоа како NASA одбележува 20 години постоење на Меѓународната вселенска станица со помош на Google. Денеска, пак, споделуваме за тоа како Google помага да се одбележат 75 години постоење на Обединетите Нации. Имено, Google Arts & Culture се има проширено со уште еден проект во форма на онлајн галерија која изобилува со над 500 уметнички дела. Сите дела се фокусирани на надежите на луѓето за тоа каква би била иднината. Секоја од изложбите се истакнува со најразлични илустрации, политички стрипови, мурали, или портрети.

Интересниот дел е кога ќе одберете еден од десет понудени градови, ќе ги истражувате и ќе решите да вметнете некаде во нив некое уметничко дело. Колекциите можете да ги филтрирате да се прикажуваат во portrait или landscape форма, а штом најдете интересно дело, го фаќате истото и го пуштате врз зградата каде сакате да се прилепи. Со фино дотерување преку влечење на аглите на сликата се мести како отсекогаш да припаѓала тука.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments