Софтверот на Pixar за 3Д рендерирање на ToyStory, Monsters Inc. и Wall-E сега е бесплатен

Pixar објави дека ќе овозможи бесплатно преземање на RenderMan за некомерцијални цели. Пакетот за 3Д-рендерирање се користи за креирање на филмовите во студиото, помеѓу кои ToyStory, Monsters Inc, Ratatouille, WALL-E и Harry Potter. Покрај најавата за бесплатната верзија, Pixar најави дека комерцијалната верзија сега е достапна за пониска цена од 500 долари и 200 долари гидишно за одржување.

RenderMan е пакет составен од софтвер и API-jа кој функционира со Autodesk платформа како Maya, проширувајќи ги алатките за моделирање, осветлување, сенчање, ефекти и анимација. RenderMan вклулува аплатки за поставување фарми за рендерирање составени од повеќе компјутери и сервери, објаснува Ars Technica. RenderMan постои веќе 25 години, но бесплатната верзија доаѓа откако конукуренцијата во софтверот стана поголема. На пазарот се достапни VRay и Arnold кои се најголеми ривали кога е во прашање софтвер за рендерирање на анимации.

„Како понатамошна посветеност за унпаредување на отворениот стандард и неговото практикување, Pixar објавува дека бесплатни, не-комерцијална дозвола за RenderMan ќе биде достапна без никакви ограничувања, ознаки или временски ограничувања. Некомерцијална верзија на RenderMan им е бесплатно достапна за студенти, институции, истражувачи, развивачи и за лична употреба.“, вели Pixar во соопштението.

Pixar ги повикува сите кои се заинтересирани за бесплатната верзија да се регистрираат на сајтот на RenderMan и верзијата ќе им биде достапна кога ќе го издадат софтверот. Според најавите верзијата ќе биде достапна од средината на август.

[youtube]eFshrNzBxkw&[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk