Освен новата верзија на iOS 8, Apple на WWDC ја претстави и новата верзија на оперативниот систем за Mac, OS X 10.10 Yosemite. Оперативниот систем позајмува од дизајнот на iOS, а добар дел од новитетите како Family Sharing и Continuity се заеднички во обид на Apple да ги спои двата оперативни системи. Оперативниот систем Yosemite, како и iOS, сега доаѓа со рамен дизајн, провидни панели, но и нeдостаток на градација и текстури, пред се кога се во прашање иконите. OS X ќе донесе и промена на основниот системски фонт, кои според најавите ќе го олесни читањето.
Новитет кој е зеднички со iOS се и промените во iCloud. Отсега iCloud не само што ќе се синхронизира на Mac, туку синхронизација е овозможена и на компјутерите со Windows оперативен систем. iCloud ќе биде интегриран со MailDrop што ќе овозможи да се праќаат пораки без ограничување на големината на прикачените фајлови. Continuity е еден од новитетите кои ќе допринесе со синхронизација и овозможува доколку некоја работа на пример испраќање имејл, корисникот ја започнал на iPhone, да ја продолжи на iPad и да ја заврши на Mac. Покрај ова Continuity нуди можност корисникот да одговара на телефонските повици директно преку Mac.
Надграден и прелистувачот Safari и според компанијата на ниеден постоечки прелистувач JavaScript не работи побрзо отколку на Safari. Новитет е и интеграцијата на Bing во новата верзија на Spotlight на местото на Google, промената доаѓа на iOS и на OS X 10.10. OS X Yosemite е веќе достапен за девелоперите, а за поширокaта јавност отворената бета пристига летови. Финалната верзија на оперативниот систем се очекува наесен.
[youtube]KQAR4pAb6Zo[/youtube]









