DALL-E 3 ќе се интегрира во ChatGPT, дали со тоа OpenAI ќе постане нов ,,gatekeeper” во ЕУ?

OpenAI, компанија за која несомнено ќе се зборува многу повеќе во блиска иднина, својот главен продукт на компанијата – ChatGPT, веќе добро познат со своите извонредни можности, го надогради со нова функционалност. Оваа недела компанијата најави дека својот надограден модел за графика и фотографии, DALL-E 3 ќе го интегрира во ChatGPT. Овој модел е наследник на моделот DALL-E 2.

Што е DALL-E, на кој начин се користи и дали е бесплатен? 

Името DALL-E претставува комбинација од филмот на PixarWALL-E и артистот Salvador Dali. Станува збор за продукт кој што генерира или едитира слики од човечки-опишани влезови, со помош на методологиите на машинското учење. 

Овие продукти не се бесплатни за користење, DALL-E 2 е достапен од април 2022 година, додека DALL-E 3 ќе биде достапен за корисниците на комерцијалнта верзија на ChatGPT од октомври. Преплатата на овој продукт функционира преку кредити, односно за 15$ можете да купите 115 кредити, а со 115 кредити можете да изгенерирате околу 460 слики

Сѐ е супер, додека на некој не му падне на памет да го злоупотреби… 

Научниците и инжинерите кога развиваат одреден продукт главно се фокусирани на тоа колку можат да го олеснат некој процес и колку светот би бил подобар со тој продукт. Неретко достигнуваат големи височини и откриваат целосно нови хоризонти, но што се случува кога лошите момци ќе го искористат истиот тој продукт за некоја злоупотреба или малверзација? Пред неколку дена светската јавност беше згрозена од тоа како вештачката интелигенција успеала да креира голи слики од тинејџерки во Шпанија…  

Photo by Danie Franco on Unsplash

Што прави OpenAI во оваа насока?

OpenAI, како компанија која што има можеби најголеми амбиции да стане глобален лидер во полето на вештачката интелигенција мора сериозно да им пристапи на проблемите, недостатоците и злоупотребите на истата. Тие воведуваат мерки кои што ги ограничуваат нивните продукти во креирањето на содржина од типот на горе споменатиот скандал. Дали овие мерки даваат резултат, ќе знаеме само доколку не се случуваат повеќе скандали во кои е вклучена или искористена на било каков начин вештачката интелигенција… 

Photo by Andrew Neel on Unsplash

Дали OpenAI ќе биде следниот ,,gatekeeper”?

Стартапот кој е креиран во 2015 од група претприемачи, вклучувајќи ги Илон Маск и моменталниот CEO Сем Алтман, дополнета со врвни и амбициозни научници од областа на вештачката интелигенција крена голема прашина во ИТ светот по објавувањето на ChatGPT, апликацијата која што најбрзо во историјата достигна бројка од 100 милиони корисници. Пред пуштањето на ChatGPT годишниот приход на компанијата изнесуваше само 28 милиони долари, а сега веќе достигнува 1 милијарда долари. Моментално со достапен бесплатен модел GPT 3.5 и комерцијална верзија GPT 4.0, компанијата не го развива моделот GPT 5.0, туку работи на моделот GPT 4.5, кој што би имал слични способности како 4.0 но би бил поефтин за компанијата. Покрај големите јазични модели на ChatGPT, компанијата работи и на B2B производи за големи корпоративни клиенти од типот на инвестициската банка Morgan Stanley. Дополнително, им помага на помали стартапи и компании да развиваат продукти на врвот на својата платформа. OpenAI гази силно, но дали ќе се најде во друштвото на Alphabet, Amazon, Apple, ByteDance, Meta, Microsoft и ќе го добие приматот ,,gatekeeper”, останува да видиме…  

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments