SoftBank и Honda сакаат да направат автомобил што зборува

0 коментари 1 мин. читање

Компанијата која оваа недела го купи ARM, SoftBank и јапонскиот автомобилски гигант, Honda, работат на паметен автомобил кој ќе може да зборува со своите корисници. Компаниите работат на технологија која ќе ја препознава емотивната состојба на возачот и ќе може да го охрабри или да му понуди совет, јави Reuters.

„Замислете роботите со својата супер-интелигенција да им се посветат на луѓето. Замислете дека автомобилите постанале супер-компјутери или роботи еден ден. Honda ќе биде првата компанија која ќе ја прифати оваа технологија“, вели Масајоши Сан од SoftBank.

Двете компании со заеднички напор ќе се обидат да го пронајдат решението кое ќе го овозможи ова. Технологијата е базирана на роботот Pepper кој од неодамна „се вработи“ во болница. Роботот Pepper е базиран на вештачката интелигенција на IBM Watson.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top