Неволји за паметните часовници? Пазарот се намали за една третина…

Неизлегувањето на нов Apple Watch ја намали продажбата на паметни часовници за речиси третина. Најголем пад имаа Apple со 55 отсто намалена продажба, а иако речиси сите останати производители забележуваат пораст во продажбата, не можат да го поместат пазарот, покажува анализата на IDC.

Вкупната продажба досега во 2016 година е 3,5 милиони продадени уреди, намалување од 1,6 во одност на второто тримесечје во 2015 година, кога беа продадени 5,1 милиони часовници. Податоците од анализата на IDC се однесуваат на уделот на пазарот и продажбите во второто тримесечје во 2015 и 2016 година.

На Apple во 2015 година отпаѓа огромен дел од 72 отсто од пазарот на паметни часовници, во 2016-та оваа бројка е малку помала, но сè уште е речиси 50 отсто. Дури и со огромниот пад Apple Watch е најчесто купуваниот часовник во 2016 година, а досега се продадени 1,6 милиони часовници. Причина за намалената продажба е одовлекувањето со новата верзија нa Watch OS 2.0. Samsung е втор на листата со 600.000 продадени часовници, но и раст во однос на 2015-та од 51 отсто. Команијата има поголем удел на пазарот во 2016 година (16 отсто), во споредба со 7 отсто минатата година. Зад Samsung следат Lenovo и LG Electronics, со по 300.000 продадени часовници. Петти на оваа листа е Garmin со 100.000 продадени уреди.

idc-table

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments