Дронот Aquila на Facebook успешно го заврши првиот тест лет

Леталото кое треба да обезбеди интернет насекаде, дронот Aquila, на 28 јуни го заврши првиот лет, откако првите тестови беа поместени една година од октомври 2015 година. Дронот е огромен, а димензиите на крилата се речиси како кај Boing 737, вели Next Web.

Целта на првиот тест е дронот безбедно да полета, да се стабилизира во воздух и да лета најмалку 30 минути. Но, иднината на дронот е ветувањето кое на 7 милијарди корисници им го даде Facebook со основањето на Internet.org, можност за пристап до Интернет од било кое место.

 

Првиот тест беше успех, па иако беа планирани 30 минути, поради недостатокот на проблеми, тимот се одлучи да го продолжи летањето и тестот траеше 90 минути. Тестот покажа и дека дизајнот е поштедлив отколку што мислеа, но засега сè уште е рано за тестови со телекомуникациска опрема. Првите тестови докажаа дека дронот функционира, но за целиот проект да биде успешен Aquila мора да лета побрзо, повисоко и најважно многу, многу подолго. Првичните планови на Facebook се леталото со помош на соларни панели на крилјата да може да остане во возух и до 90 дена. Тестовите продолжуваат во следните месеци, сѐ до финалниот модел на леталото.

„Интернет носи многу можности. За секои 10 луѓе на интернет еден се издигнува над сиромаштијата и создава едно работно место. Ако зборуваме за 4 милијарди корисници кои не се на интернет, ширењето на интернет треба да биде најважната работа што може да ја направиме да го подобриме квалитетот на живот на многу луѓе во светот“, вели Марк Закерберг, во интервју за Verge.

Мрежа составена од многу вакви авиони треба да биде замена за мобилна интернет мрежа, на локации за кои финансиите не дозволуваат ваква инфраструктура. Пред создавањето на конечната технологија, треба да бидат надминати уште многу проблеми, дел се од техничка природа, но дел се и во рацете на регулаторите кои не се решени како да ги организираат беспилотните летала. Facebook и Google соработуваат во преговорите со Федералната администрација за авијација.

„Десет години откако го направивме Facebook и поврзавме околу милијарда корисници – сфативме дека нашата мисија не е да поврземе една седмина од светската популација, сакаме да го поврземе целиот свет. Сега кога компанијата е поголема имаме доволно средства да решиме некои од техношките проблеми“.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk