Јапонскиот SoftBank Group го купува ARM за 32 милијарди долари

Британската компанија за дизајн на чипови, ARM Holdings, наскоро ќе биде дел од јапонскиот телекомуникациски гигант Softbank Group за 32 милијарди долари. „ARM е одличен стратешки додаток на Softbank групацијата и нашата инвестиција во можностите кои ќе ги нуди интернет на нештата. Ова е најважната аквизиција која сме ја направиле досега и очекувам ARМ да биде столб на нашата развојна стратегија во иднина“, вели директорот на Softbank, Мајоши Сун, за Wall Street Journal.

ARM дизајнира мобилни чипови за производителите на најпопуларните телефони, Samsung и Apple. Процесорите на ARM освен во паметни телефони се користат и во паметни уреди, индустриски системи и сензори за интернет на нештата, објаснува Recode. Поради изборот на индустрија, компанијата има предност пред другите бидејќи не е засегната од намалувањето на продажба на компјутери, туку се фокусира на пост-PC ерата. Само во 2015 година чиповите направени според дизајнот на ARM се најдоа во 15 милијарди уреди, што е за 3 милијарди уреди пораст од претходната година.

Softbank најави дека нема да има промени во организацијата на ARM и очекувањата се дека целосната структура на компанијата ќе биде задржана. Цената која Softbank ја исплаќа за ARM Holdings e повеќе оод 70 пати повисока од заработката на ARM во 2015 година. Падот на фунтата предизвикан од Brexit ја намали цената за 10 отсто, но јапонскиот телекомуникациски гигант се одлучи за овој потег поради верувањето дека иднината е во интернет на нештата. Но, колку брзо ќе се случи овој премин, засега е претешко да се прогнозира. Softbank пак се убедени дека „револуцијата“ доаѓа наскоро.

„Вештачката интелигенција ќе ги надмине луѓето не само по знаењето кое ќе го поседува, туку и по интелигенцијата“, вели г.Сун.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
4 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] британскиот дизајнер на чипови ARM. Компанијата тогаш го прогласи овој договор за најважен во нивната истори… но денес по 4 години изгледа дека се […]

trackback

[…] непозната, јави ABC News. Пред речиси точно една година Softbank ги купи ARM за 32 милијарди […]

trackback

[…] која од неодамна е дел од Softbank, вели дека новиот процесор е подоверлив од […]

trackback

[…] која оваа недела го купи ARM, SoftBank и јапонскиот автомобилски гигант, Honda, работат на […]

види ги сите огласи на kariera.it.mk