1 коментар 2 мин. читање 15 јуни, 2016

Роботот Pepper се вработи во болница

Pepper, роботот кој може да ги разбере емоциите на луѓето, успеа да најде работа во две болници во Белгија, јави BBC. За почеток неговата употребливост ќе биде тестирана во CHR Citadelle болницата во Лиеж, и во AZ Damiaan болницата во Остенд.

Везијата на роботот која се користи во болниците не е иста со онаа за домашна употреба, и поради ова е многу поскап од почетниот модел кој чини 1.850 долари. Болничката верзија е супер-скапа со цена од 34.000 долари, но за разлика од оригиналот, оваа верзија доаѓа со специјален софтвер креиран од белгиската компанија Zora Bots.

Досега продажбата на Pepper оди одлично, а речиси секоја серија од 1.000 роботи се продава во Јапонија. Pepper е креиран од компанијата Softbank, и е програмиран да говори на 20 различни јазици, и да препознава дали разговора со маж, жена или дете. Роботот е најкорисен за децата бидејќи им помага да го надминат стравот од операции и болница. Надвор од комуникацијата со деца, роботот ќе има улога на домаќин и ќе ги следи посетителите до точниот оддел. Се чини депак дека двете болници повеќе го прават ова за поблиска иднина кога навистина корисни роботи ќе можат да му помагаат на персоналот. Дотогаш ќе остане доволно време да се убедиме дали Pepper навистина ќе препознава чувствата на соговорникот.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top