Собранието доби нов респонзивен сајт наменет за веб и мобилните уреди

0 коментари 1 мин. читање

Собранието на Република Македонија се пофали со нов веб сајт кој има таканаречен „responsive“ дизајн кој ја променува својата форма зависно од големината на екранот од кој го читате. Респонзивните дизајни стануваат се попопуларни поради различните уреди преку кои сурфаме, па Собранието, кое и пред тоа имаше релативно добар сајт, наместо да прави две различни верзии за веб и за мобилните уреди, се реши да го прифати трендот на променливиот дизајн.

„Бројот на корисници на паметни телефони и таблети рапидно расте, како и времето што корисниците го трошат во прелистување на веб страници преку овие уреди. Собранието им овозможува со новиот портал индивидуален пристап на овие корисници и полесно подостапни информации. Страниците на порталот се поврзани и со профилите на Собранието на социјалните мрежи со што е овозможена и комплетна интерактивност со корисниците“, се вели во соопштението.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top