ZeroBlur замаглува чувствителни податоци при споделување екран

во Веб

Во случај да постојано држите онлајн конференции, онлајн часови или демо презентации, тогаш шансите се дека сте се нашле во ситуација да им прикажувате на останатите учесници чувствителни податоци. Имено, секојпат кога ќе споделите екран и кога ќе ве понесе моментот во прикажување на едно, другo, па трето, може да се случи ненамерно да се прикаже некој имејл, кориснички имиња, критични бројки, посетувани страни, и слично. Во константната борба за приватност, ова знае да биде огромен проблем, кој лесно би можел да биде експлоатиран од трети лица.

ZeroBlur е бесплатна екстензија за прелистувачите Chrome и Edge која ќе го намали вашиот страв од ненамерно откривање чувствителни информации секојпат кога ќе решите да споделите екран. Со само еден клик, ZeroBlur ви дозволува да замаглите каков било елемент или област од каква било страна, односно веб апликација. DOM елементите ги прикривате со директно кликнување на нив, додека цели области замаглувате преку процедурата влечи- пушти. За пофалба е тоа што можете да дефинирате дали одредено замаглување да стапува на сила само на моментната страна или пак да биде активно низ целиот домејн.

Со ZeroBlur можете да ги направите сите прилагодувања пред да почне состанокот. Со оглед на тоа дека таквите поставки се сочувуваат во прелистувачот, процедурата со замаглување ја правите само еднаш, а истата со клик ја активирате секојпат кога имате потреба.

Оваа екстензија за Chrome и Edge не е добра само при споделување екрани во реално време или снимање видеа. Со неа, лесно можете да замаглите одредени области, а потоа да направите скриншот. На овој начин се избегнува употребата на покомплицирани надворешни апликации. Сите податоци се сочувуваат локално во вашиот прелистувач, а не се собираат никакви лични информации.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk