Експертско менување лица со Face Swapper

во Веб, Софтвер

Менување на едно лице од слика со друго знае да биде исклучително интересно. Ваквото нешто има и забавна и професионална примена. Од една страна, можете да си играте со дигитално пресадување лица на познати лица на други тела за да постигнете апсолутно урнебесен комичен ефект. Од друга страна, пак, вашиот бизнис веб сајт може да стане значително попривлечен со уникатни фотографии дотерани според вашиот вкус. Со вистинска алатка, таквото нешто не мора ниту да биде скапо и да бара ангажирање модели, ниту пак да бара високи технички вештини или многу време.

Face Swapper е апликација која ви дозволува да менувате и лица и тела од одредени слики и истите да ги користите за најразлични цели, како огласи, социјални мрежи, списанија, и многу повеќе. Апликацијата е исклучително паметна и резултатите се навистина импресивни. Најдоброто од сè е тоа што до финалниот резултат доаѓате екстра брзо, со само неколку кликови. Кога ќе ја споредите работата на Face Swapper со, на пример, процедурата која е потребна за да се добие истиот резултат во Photoshop, временската разлика и техничките познавања се исклучително различни.

Face Swapper се удира во гради дека е единствената апликација на пазарот која дозволува менување лица со резолуција 1024*1024. Ова е резолуција само за лицата, што значи дека сликите можат да бидат значително поголеми. Како резултат од ваквата висока резолуција, се постигнува значително пореалистичен ефект. Самата апликација има на располагање бројни фотографии со модели во различни пози, како и изобилство од лица кои се создаваат со помош на вештачката интелигенција.

За да ја проверите Face Swapper, потребно е да се упатите на официјалниот линк и од таму да вметнете соодветна фотографија преку копчето Browse! Откако ќе се вчита фотографијата, инстантно се детектираат лицата во фотографиите и со кликнување на копчето Randomise, магијата стапува на сила по само неколку моменти!

Доколку сте задоволни со резултатите, а шансите се дека ќе бидете пријатно изненадени, можете да ја споделите фотографијата, да си ја преземете или да ја оцените. Без да се регистрирате, можете да пресадувате лица на три слики. За повеќе, потребна е брза регистрација. Апликацијата е апсолутно бесплатна за користење за лична употреба, а доколку сакате да ја искористите за комерцијални цели, потребно е да ги контактирате тука!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk